Под Лупа - Општина Зрновци


Општина Вкупен Долг
Зрновци 8.974.875 ден

Долг: 8,9 милиони денари. Од Влада на РМ ќе добие 7,5 милиони денари

Актуелен градоначалник со трет мандат од 2009: Блажо Станков – ВМРО ДПМНЕ

Долг по година 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 9.220.304 ден 11.938.358 ден 9.145.895 ден 8.787.277 ден 8.939.391 ден 8.136.502 ден 8.974.875 ден

Општината е блокирана од 2008 година. Најголемиот дел од обврските се однесуваат на неплатена камата за задоцнето плаќање на главниот долг и дел од процесни трошоци кон ГП Гранит од Скопје. Долгот целосно е платен, но во 2008 општината е блокирана со извршно решение од 8,1 милион утужени обврски кон Гранит. Со текот на годините е плаќан дел од тие обврски, со што и износот се намалува, но не е целосно исплатен.

За илустрација, долгот во 2014 година е 9,1 милион денари, од кои 7,9 милиони се утужени обврски.

Дополнително, во септември 2017 година Општината зела кредит од Министерството за финасии во висина од 8,9 милиони денари за обезбедување европски грант за изградба на градинка, уредување на речно корито и изградба на две улици.

Долг по години:

Вратени обврски по години 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден нема информации нема информации нема информации нема информации нема информации нема информации нема информации

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Дисклајмер