Општина | Вкупен Долг |
---|---|
Охрид | 1.286.673.985 ден |
Долг по година | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сума во ден | 803.330.739 ден | 932.579.101 ден | 894.869.962 ден | 851.183.109 ден | 752.262.072 ден | 751.650.324 ден | 1.286.673.985 ден |
Долгот во 2012 – 803,3 милиони денари. Вратени се 490 милиони денари.
Според завршната сметка за 2012 година, за привремени вработувања се потрошени 1,9 милиони. Меѓу расходите, е евидентирана набавка на возило од 4 милиони денари.
2013 – долг 932,5милиони. – долг 932,5милиони. Вратени 322,9 милиони денари
Завршна сметка: 3,3 милиони денари за привремени вработувања. 4 милиони за субенции за јавните претпријатија, за ставката Разни трансфери - 15 милиони а за договорни услуги 72,5 милиони денари. Не е прецизирано за што се договорните услуги.
2014 – долг 894,8 милиони денари. Вратени 252,3 милиони денари
Договорни услуги 56 милиони, времени вработувања 4,5 милиони. Купување возила за 27,5 милиони , од кои 24,5 милиони се од кредит.
2015 – долг 851,1 милиони денари . Вратени 330,2 милиони денари.
Завршна сметка:Расходи 853,1 милион, 21,4 милиони за други градежни објекти, а за привремени вработувања 10,1 милиони денари. За ставката Договорни услуги - 75,8 милиони, додека за субвенции до ЈП – 20 милиони денари.
2016- долг 752,2 милиони денари. Вратени 430 милиони денари.
Завршна сметка: Расходи 761,6 милиони денари.
Домашно задолжување 78 милиони денари. 300.000 денари за камати. Субвенции кон ЈП 1,9 милиони, за Договорни услуги 19,6 милиони. Приходи по основа на кредит 78 милиони денари.
Во 2017 – долг 751,6 милиони денари. Вратени 361,8 милиони денари
Општината Охрид преку извештаите презентирани на седниците на општинскиот Совет, соопшти дека има многу утужени решенија, но не се знае точно колку. Поради тоа, формирана е комисија, која работи на утврдување на состојбата со утужените решенија, каматите и неплатените обврски.
Во 2015 година позајмени се 1,5 милиони евра за моденизација на системот за водоснабдување и отпадни води. Само Проаква годишно е со загуба од 52 милиони денари. До крајот на 2014 година загубата изнесувала 132 милиони денари. Сега се води постапка за поделба на ова јавно претпријатие на три дела.
Поранешниот градоначалник Никола Бакрачевски во 2014 објави дека има општината има 291,5 милиони денари обврски.
Актуелниот градоначалник Јован Стојановски на отчетот од едногодишното работење не кажа точна бројка за тоа колку изнесува долгот на општината. На прес конференцијата на 30 -ти јануари, по повод сто дена од преземањето на општината, исто така не соопшти бројка, туку само дека „Охрид дневно губи по 10.000 евра, односно по две вработувања се губат секојдневно и тоа само според финансиските долгови“. Стојаноски кажа дека треба рефинансирање, а проблем е и материјалниот долг. Не се покриени комуналиите, ни трошоците за уредување на градежно земјиште. Од доверителите, во преговорите, бараат да им ги простат каматите, а и дел од долгот.
Вратени обврски по години | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сума во ден | 490.038.677 ден | 322.974.323 ден | 252.343.795 ден | 330.271.370 ден | 430.004.049 ден | 361.840.459 ден | 79.654.598 |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.