Под Лупа - Општина Долнени
Општина |
Вкупен Долг |
Долнени |
14.330.827 ден |
Долг по година |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Долг заклучно 30.06.2018 година: 14,3 милиони денари. Од Буџетот на РМ ќе добие 6,6 милиони денари
Актуелен градоначалник: Џемил Ќамили –ДУИ
2013-2017 –Боше Милошески – ВМРО ДПМНЕ
2009-2013 –Абдула Бајрамоски – ДУИ
Сума во ден |
5.790.474 ден |
2.396.197 ден |
нема информации |
24.532.851 ден |
22.290.657 ден |
31.764.749 ден |
14.330.827 ден |
Со општината управувале градоначалници кои доаѓале од владејачки партии, но тоа многу не им помогнало да се решат од долгот. Со кредити и грантови се остварувале некои од поголемите проекти, но кредит е земен и за уредување на селски парк и спортско игралиште. Во 2013 година долгот е на најниско ниво од 2,3 милиони денари, за веќе во 2014 година да се зголеми десет пати и изнесува 24,5 милиони денари. Во јануари 2018 година, со доаѓањето на новиот градоначалник, неплатените обврски изнесувале 49,1 милион денари. Во јуни тој износ е намален на 13,6 милиони денари.
2012 година долг: 5,7 милиони денари
- Во ставка Други градежни објекти - 4,5 милиони денари
- Општината должи за членарини, одржување на патиша и услуги, а набавено е и возило.
- Во август 2012 година повлечена е првата рата од кредит во износ од 1,5 милиони денари. Втора транша во ноември во износ од 7,2 милиони денари.
- Во 2012 е регистриран кредит MSIP за Подобрување на општинските услуги во износ од 16,3 милиони. Првата рата е во февруари 2015 година, рок на исплата 10,5 години. Исплатена е и камата во износ од 52.727 денари.
- Нововработени шест – 3 според Законот за државни службеници, 3 според Закон за работни односи.
- Според завршната сметка, приходи 100 милиони, расходи 99 милиони.
2013 година долг: 2,3 милиони денари
- Евидентирано е домашно задолжување во износ од 7,5 милиони. Исплатена е трета транша од кредит во износ од 7,5 милиони.
2014 – нема информации за долг
- Во завршната сметка, во расходи за ставка Други градежни објекти – 12,8 милиони, купување на возила 362.808 денари, камати 52,838 денари, за привремени вработувања 2,1 милион денари.
Во 2015 година земен кредит наменет за:
- изградба на игралиште во Сенокос
- партерно уредување и уредување на автобуска постојка во село Ропотово
- изграба на парк во село Црнилиште
- Во февруари 2017 година ИПА инвестициски грант за реконструкција на локален пат и реконструкција на покивот на општинската зграда во Долнени
2015 година долг: 24,5 милиони денари
Општината должи за одржување на патишта, услуги, потрошена струја, дезинсекција и проекти.
2016 година долг: 22,2 милиони денари.
- Должи за членарини, патишта, дезинсекција и проекти.
- Во завршна сметка, ставката Договорни услуги изнесува 5,3 милиони. За привремени вработувања близу 700.000 денари .
2017 година долг: 31,7 милиони денари
- Општината должи за комуналии, членарини, изградба и одржување на патишта, изградба на водовод, услуги, дезинсекција, проекти и изградба на капацитети во енергетиката.
- Во завршаната сметка за ставката Други градежни објекти – 28,7 милиони.
- За оптплата на главнината исплатени 2,1 милион, за привремени вработувања 1,4 милиони.
2018 година (30.06) долг 14,3 милиони денари.
- Во јануари обврските изнесувале 49,1 милион, во април 21,5 милиони денари.
- Општината има обврски за комуналии, членарини, изградба и одржување на патишта, изградба на водовод, услуги, дезинсекција и изградба на капацитети во енергетиката.
- Во летото 2016 година, медиумите пренесуваат информација дека Општината ја реализира најголемата инвестиција – изградба на пат од село Црнилиште до селата Ропотово и Лажани, во должина од 17 километри, инвестиција вредна 1,8 милиони евра.
Вратени обврски по години |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Сума во ден |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.