Под Лупа - Општина Ресен


Општина Вкупен Долг
Ресен 79.952.320 ден

Долг 2018 година: 80 милиони денари. Од Буџетот на РМ добива 99,9 милиони денари

Актуелен градоначалник: Живко Гошаревски – СДСМ

2013-2017 Ѓоко Стрезовски – ВМРО ДПМНЕ

2019 -2013 Михаил Волкановски – ВМРО ДПМНЕ

Долг по година 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 88.908.931 ден 110.185.989 ден 126.302.923 ден 101.421.316 ден 119.870.998 ден 93.774.931 ден 79.952.320 ден

2012 година: долг 88,9 милиони денари. Вратени 55 милиони денари. Буџетот изнесувал 183 милиони денари.

2013 година: долг 110 милиони денари. Вратени 84 милиони денари. Буџетот изнесувал 290 милиони денари.

2014 година: долг 126 милиони денари. Вратени 106,4 милиони денари. Буџетот изнесувал 286 милиони денари.

2015 година: долг 101 милиони денари. Вратени 95,8 милиони денари. Буџетот изнесувал 228 милиони денари. За плати и надоместоци се троши 98 милиони денари или близу 40% од општинскиот буџет. Во приходниот дел се внесува и износот од 16 милиони денари од Европска унија. И покрај задолженоста, Општината Ресен трансферирала 2,9 милиони денари кон невладини организации.

2016 година: долг 120 милиони денари. Вратени 101 милиони денари. Расходниот дел од општинскиот буџет изнесувал 232,2 милиони денари. За плати се потрошени 98,8 милиони, за привремени вработувања 2,9 милиони и за купување возила - 690.000 денари.

2017 година; долг 93,7 милиони денари. Вратени 101 милиони денари. Расходниот дел од општинскиот буџет изнесувал 244,6 милиони денари. За плати 101 милион, за привремени вработувања 2,5 милиони и трансфери до невладини организации 923.000 денари.

Градоначалникот Живко Гошаревски во извештајот за тоа што затекнал во Општината Ресен со неговото доаѓање, кажа дека од неговиот претходник Ѓоко Стрезовски, наследил долг над 2,9 милиони евра кон вкупно 560 доверители и блокирана сметка над 1,1 милион евра.

Исто така, наследил книжени и неподмирени обврски, фактури и оптужени обврски од над 99 милиони денари. Општината не ги платила обврските по Договорот за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување на подрачјето на Општина Ресен во износ од 82.5 милиони денари. За 15 години од договорот, Општината има обврска од над 19 милиони денари, а подмирени се 7,5 милиони денари. Во образованието, Општината Ресен должи за неплатен превоз на учиниците - во основното образование над 130.000 евра за периодот од 2014 до 2017 година. Општината ја презела обврската најпрво да го плати долгот за основното образование за периодот 2014-2017 година, додека за средно образование оваа и во текот на 2019 година.

Вратени обврски по години 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 55.277.519 ден 84.341.802 ден 106.446.978 ден 95.867.264 ден 100.459.035 ден 101.951.624 ден 46.836.132 ден

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Дисклајмер