Под Лупа - Општина Пехчево


Општина Вкупен Долг
Пехчево 58.002.577 ден

2018 долг: 58 милиони денари. Од Буџетот на РМ ќе добие 62,4 милиони денари

Актуелен градоначалник: Драган Тренчовски – СДСМ

2013 – 2017 Игор Поповски - ВМРО ДПМНЕ

2009 – 2013 Јованчо Станоевски – ВМРО ДПМНЕ

Долг по година 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 20.163.136 ден 23.270.338 ден 28.094.376 ден 28.766.239 ден 30.047.803 ден 35.898.353 ден 58.002.577 ден

2012 година долг: 20,1 милиони денари долг. Вратено 10,4 милиони денари

Буџет: Приходи 56 милиони денари, расходи 55 милиони денари.

Најголем долг кон четири приватни компании: Бердом инженеринг, Интер констракшн, Грамада и Конти хидропласт. Кон ЕВН над 1.7 милиони денари, за улично осветлување и потрошена струја. Има долг и кон НЛБ лизинг од 643.000 денари.

Во Општината биле ангажирани нови 9 вработени преку агенција за привремени вработувања. Оштината има долг кон Агенција за времени вработувања во износ од 643.452 денари.

2013 година: долг 23,2 милиони денари. Вратено 16 милиони денари.

Општината должи кон ЈП Комуналец – 2,4 милиони денари, долг кон истите компании како и во 2012 година. Ангажирана е нова агенција за времени вработувања – АПВ Депов, кон која општината направила долг од 774.000. Кон ЕВН има долг од над 1,1 милиони денари, кон НЛБ лизинг 509.000 денари неплатени обврски. Меѓу доверителите има и медиуми: Радио Пехчево, радио Роса, ТВ Ирис, ТВ Стар . Во меѓувреме на двете телевизии им се исплатени обврските.

Во 2013 регистрирани се утужени обврски – најголеми се побарувањата од Конти хидропласт во износ од 13,8 милиони денари. Општината должи и на ЈП Македонија пат 353.000 денари.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања - 5

2014 година: долг 28 милиони денари. Утужени 4,7 милиони. Вратено 33,6 милиони денари.

Расте долгот кон ЈП Комуналец – 2,4 милиони денари, кон Порше лизинг 1,3 милиони, кон 5 приватни фирми неплатени обврски по над еден милион. Кон агенцијата за привремени вработувања АПВ Депов - 259.000 денари долг.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања – 14

2015 година: долг 28,7 милиони денари. Утужени обврски 2,8 милиони денари. Вратено 25,8 милиони денари.

Општината должи кон: ЈП Комуналец 3,1 милион денари, а има долг кон три приватни компании со по над еден милион.

Во утужени обврски: Конти хидропласт 13,8, Перпарими 4,1 милиони денари, ЕЛЕМ 2,5 милиони денари, кон две агенции за времени вработувања: АПВ Депов 259.000 денари и АПВ Контакт бизнис - 645.000 денари.

За прв пат во утужените обврски се јавува името на актуелниот градоначалник Драган Тренчовски 153.032 денари.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања – 12

2016 година: долг 30 милиони долг. Вратено 25,2 милиони денари.

Општината Пехчево долгува 9 милиони денари, кон ЈП Комуналец 3,5 милиони и кон три фирми со по износ над милион. Има неподмирени обврски кој градежни и проектантски фирми, но и кон две лизинг компании - НЛБ Лизинг-116.000 и Порше Лизинг - 535.000 денари, а општината должи и кон Општина Делчево во износ од 3,6 милиони денари. Се јавува и нова агенција за привремени вработувања – Реалност, на која општината должи 244.291 денари.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања – 13

Од утужени обврски кон: ЕЛЕМ 2,5, Конти хидропласт ист износ 13,8 милиони, Драган Тренчовски 106.631 денари.

2017 долг: 35,8 милиони денари. Вратено 42,1 милиони денари.

Неподмирени обврски кон: Жикол 7,6 милиони денари, побаруваат и двајца извршители, кон ЈП Комуналец 3,7 милиони, а кон 4 приватни фирми има долг по над милион денари.

Утужени обврски – ЕЛЕМ 2,5 милиони денари, Перпарими 4 милиони, Конти хирдипласт 13,8 милиони денари, Драган Тренчовски – исто. Долг кон АПВ Реалност од 320.000 денари.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања - 14

2018 година: долг 58 милиони денари. Вратено 18,7 милиони денари.

Без позначајни промени во износите и доверителите: кон Жикол 7,7 милиони денари, ЈП КОмуналец 3,7 милиони, кон две фирми со по над еден милион долг, кон АПВ Реалност 320.000 денари.

Ангажирани преку агенција за привремени вработувања - 9

Во утужени без начајни промени. Додадени на листата обврските кон Министерство за транспорт – 5 милиони и компанијата ДоРеМИ – 2,4 милиони денари.

На списокот на компании кон кои должи Општината Пехчево, секоја година се меѓу 100-150 субјекти.

Во 2017 година во завршната сметка евидентирани се расходи во износ од 66 милиони, додека за основни плати со надоместоци се трошат по 35,7 милиони денари или повеќе од половина буџет оди за плати.

Како се менувале агенциите, така на списокот на кои општината должи се додавале нови агенции. Овие агенции обезбедувале работници, на на крај општината ги множела обврските кон нив.

Вратени обврски по години 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 10.428.822 ден 16.171.935 ден 33.616.501 ден 25.842.378 ден 25.255.560 ден 42.170.308 ден 18.794.527 ден

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Дисклајмер