Под Лупа - Општина Неготино


Општина Вкупен Долг
Неготино 65.264.558 ден

Долг заклучно 30.06.2018 година: 65,2 милиони денари. Од Буџетот на РМ ќе добие 71,7 милиони денари

Актуелен градоначалник: Тони Делков – СДСМ

2013-2017 Ванчо Апостолов – ВМРО ДПМНЕ

2009-2013 Пане Трајков - ВМРО ДПМНЕ

Долг по година 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 30.548.006 ден 33.744.097 ден 36.083.518 ден 45.697.410 ден 40.541.923 ден 81.673.974 ден 65.264.558 ден

Со дури 12 медиуми, национални и локални, печатни и електронски, Општина Неготино имала деловни односи во 2018 година, а со повеќето и во текот на изминатите години. На дел им должи, но дел успеале да си ги наплатат услугите. Меѓу медиумите, чии фирми се на финансиските картички за 2018 година на Општина Неготино, се ТВ 24 Вести, Вечер прес, телевизијата од Кавадарци КТВ, потоа весникот Слободен печат, Коха, МТВ, Адриа медиа груп, ТВ Ка4, радио Кавадарци и радио Плус, а на листата на медиуми на кои должи е и фирмата на Срѓан Керим во стечај, Медија принт Македонија. Значајни износи за медиуми биле плаќани од блокираната и задолжена општина. Општината е предводена од градоначалник од СДСМ, партијата, која во опозиција силно се бореше против владините реклами и рекламирањето на власта во медимите.

Околу и над 30 милиони годишно е долгот на Неготино во изминатите шест години. Највисок износ долгот достигнал во изборната 2017 година, кога новиот граданачалник својот мандат го почнува со долг од 81,6 милиони. Општината се задолжила кај јавното претпријатие Комуналец, на кое е основач и од 2012 година, кога долгот изнесувал 2,5 милиони денари, до 2017 година долгот пораснал на 17 милиони денари. Општината годишно склучувала по неколку договори со компании за обезбедување, меѓу кои и СГС.

Бројот на вработувања преку агенција за привремени вработувања, растеле како што растел и долгот. Во 2013 година имало 9 времени вработувања, за во 2018 година, тој број да порасне на 25.

2012 година – долг 30,5 милион денари.Вратени обврски 64 милиони денари.

2013 година – долг 33,7 милион денари. Вратени обврски 66,7 милиони денари.

2014 година – долг 36 милион денари. Вратени обврски 82,5 милиони денари.

2015 година – долг 45,6 милиони денари. Вратени обврски 51,3 милиони денари.

2016 година – долг 40,5 милион денари. Вратени обврски 123,6 милиони денари.

2017 година – долг 81,6 милион денари. Вратени обврски 83,6 милиони денари.

2018 година – долг 65,2 милион денари. Вратени обврски 35,2 милиони денари.

Вратени обврски по години 2012 год 2013 год 2014 год 2015 год 2016 год 2017 год 2018 год
Сума во ден 64.013.730 ден 66.771.254 ден 82.578.655 ден 51.375.529 ден 123.641.026 ден 83.640.454 ден 35.298.682 ден

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Дисклајмер