Под Лупа - Општина Ранковце
Општина |
Вкупен Долг |
Ранковце |
12.816.445 ден |
Долг по година |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Долг 12,8 милиони денари. Од Буџетот на РМ треба да добие 12,8 милиони денари.
Актуелен градоначалник: Ивица Тошевски, независен
2013 – 2017 Момчило Алексовски – СДСМ
2009 – 2013 Орце Тодоровски –ВМРО ДПМНЕ
Сума во ден |
7.470.117 ден |
11.747.689 ден |
8.964.953 ден |
6.858.435 ден |
9.290.499 ден |
13.541.961 ден |
12.816.445 ден |
И во оваа општина важи констатацијата дека долговите растат во изборните години, односно по доаѓањето на новите градоначалници. Најголемите обврски имала во 2013 – со 11,7 милиони денари и во 2017 – 13,5 милиони.
Растот на обврските почнува со направен долг за делумно неуспешен проект за изградба на Противпожарен дом, проект од прекугранична соработка со Бугарија.
Општината должи и на членовите на Советот, на кои во периодот од 2013-2017 година им исплатил надоместок само за една година. Советниците тужеле и со неплатениот надоместок, добиле и камати. Секој советник поединечно добил по 30-40.000 денари само за камати. На листата на субјекти на кои им должи Општината Ранковце се ЕВН за потрошена струја, неколку приватни форми за набавка на материјали и градежни работи, комунални услуги, како и за набавка на возила на лизинг.
2012 година долг: 7,4 милиони денари
- Со завршната сметка: 50,9 милиони расходи
- Обврски кон: формата Дине трејд – 2,9 милиони денари, ЕВН – 1,4 милиони,а на листата на доверители е и ресторанот Парк Гиновци со износ од 377.160 денари.
2013 година долг: 11,7 милиони денари
- Завршна сметка - расходи: 53,5 милиони денари
- Обврски кон: Дине трејд – 3 милиони денари, Стоименов ДООЕЛ – 3,1 милион, ЕВН – 2 милиони, а кон Парк Гиновци долг со износ од 250.695 денари, ЈП Јавна чистота – 644.000 денари.
2014 година долг: 8,9 милиони
- За ставката други градежни објекти – 4 милиони, а за комунални услуги 3 милиони.
- Долг кон: Дине трејд – 2,7 милиони , Стоименов ДООЕЛ – 3,1 милион, ЕВН – 1,9 милиони денари.
2015 година долг: 6,8 милиони денари
- Обврски кон: Дине трејд – 3 милиони денари, Стоименов ДООЕЛ – 3,1 милион, ЕВН – 2 милиони денари, а кон Парк Гиновци износ од 250.695 денари и кон ЈП Јавна чистота – 644.000 денари
2016 година долг: 9,2 милиони денари
- Обврски за недоправениот Противпожарен дом и тековни обврски
- Главнината за плаќање 1.8 милион денари.
- Долгови кон компаниите: Дине трејд – 2,5 милиони денари, Бауер БГ – 139.000 денари, ЕВН – 1,6 милиони, а обврски има и кон ЈП Јавна чистота и ЈП Македонски шуми.
- Со завршна сметка – 93,7 милиони расходи.
2017 година долг: 13,5 милиони денари
- Новиот градоначалник Ивица Тошевски го дочекува домашно задолжување од 3,1 милион денари, отплата на главнина на долг од 1,8 милиони, а за неплатна струја и Противпожарниот дом вкупен долг од 9,1 милиони. На ЕВН должи 1,7 милиони за улично осветлување, а на компанијата Конструктор 3,7 милиони денари.
2018 година долг: 12,8 милиони денари
- Веќе во 2018 година стигнува за отплата заемот од Светска банка во износ од 2,1 милион денари, а меѓу поголемите обврски се тие кон ЕВН – 2,9 милиони и кон ЈП за водовод и канализација во износ од 1,1 милион. Кон ЗЕЛС Ранковце должи 194.000 денари, додека кон Центарот за североисточен плански регион 877.000 денари.
- Од вработувања, во 2014 примени се двајца на неопределено време, а по еден од 2015-2017 година.
Вратени обврски по години |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Сума во ден |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
5.613.598 ден |
6.930.303 ден |
нема информации |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.