Општина | Вкупен Долг |
---|---|
Куманово | 211.782.940 ден |
Долг по година | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сума во ден | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | 211.782.940 ден |
Општината Куманово 2017 година ја завршува со долг од 220 милиони денари. Во февруари 2018 достигнува 221,7 милиони денари. Куманово работи со месечен лимит од 37.2 милиони денари за нормално фукционирање на општината со 5 јавни претпријатија со обезбедување на плати и други трошоци. Се’ што стигнува над тој износ завршува кај доверителите, кои имаат извршни решенија. Работи комисија за комлетна проверка на побарувањата и уште една за проверка на долговите од данок на имот од граѓаните и правните лица. Ангажиран е даночен извршител.
Овие информации беа јавно кажани на седница на Советот на Општината кога се разгледуваше завршната сметка за 2017 година на прес конференциите на градоначалникот Максим Димитриевски. Според кажаното, долгот на општината е далеку помал од долгот на сите пет јавни претпријатија, кој изнесува 820 милиони денари или околу 13,5 милиони евра. Општината, како основач на јавните претпријатија, презела дел од долговите, а враќа и кредити. Општината во име на ЈП Водовод на Министерството за финасии платила рата од 62,4 милиони денари за кредит МЕА.Остнауваат уште 44 милиони, за што е склучена спогодба на рати по 12 милиони денари, а се пресметуваат и износите за камати.
Блокирани се ЈП Куманово паркинг и ЈП Водовод. Одблокирано ЈП Чистота и зеленило со гаранција на општината со хипотека. Ова претпријатие беше блокирано од УЈП за неплатен ДДВ.
ЈП Куманово гас имало долг 3,5 милиони денари, сега 97.000 денари и се бараат партнери за докапитализација преку јавно приватно партнерство. Сепак, компанијата која доставува и продаава гас во првата гасифицирана општина со години работи со загуба. Во 2017 година загубата е 1,3 милиони денари при приход од едем милион и расход од 2,4 милиони. Во 2018 Куманово гас во завршната сметка прикажува загуба од 1,78 милиони денари со помал приход од 717.000 денари и расходи од 2,5 милиони денари.
Со загуба работи и ЈП Водовод со 406 милиони денари загуба, а во исто време има 395 милиони ненаплатени побарувања. ЈП Пазариште во вториот квартал од 2018 година прикажало загуба од 1,1 додека 2017 година ја завршува со загуба од 135.000 денари.
Општината Куманово пак, должи 1,1 милион денари кон сопственото јавно за грубрарина. Општина во периодот од 2011 – 2017 година не успеала да наплати 32 милиони денари на име комунална такса.
До општината е стигната пресуда од 69 милиони денари за предметот „Спирово имање“. Основица е платена, но остануваат уште 12 милиони денари камата. Само побарувањата на адвокатот е над 181.000 денари. Општината за перидот 2015-2016 година не ги исплатила субвенциите за кои донела одлука во висина од 9 милиони денари.
Во вториот квартален извештај од 2018 година, во расходите значителни се износите за ставките: Разни трансфери- 65,3 милиони денари, за Поправки и тековно одржување 75 милиони и за Други градежни објекти 42,6 милиони денари.
И покрај блокираната општинска сметка и значајните неплатени обврски, во Општината Куманово се ангажирале работници преку агенции за привремени вработувања:
Во 2012 година -24, во 2013 година 5, 2015 година -22, во 2016 година -9 и во 2017 година -22 привремени вработувања.
Општината на 27.02.2018 година, со одлука на Советот на општината побара заем од Европската инвестициона банка за водоснабдување.
Вратени обврски по години | 2012 год | 2013 год | 2014 год | 2015 год | 2016 год | 2017 год | 2018 год |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сума во ден | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации | нема информации |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.