Под Лупа - Општина Брвеница
Општина |
Вкупен Долг |
Брвеница |
55.891.411 ден |
Долг по година |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Долг 2018 година 55,8 милиони денари. Од Буџетот на РМ ќе добие 76 милиони денари.
Актуелен градоначалник: Енвер Пајазити, независен, претходно два мандати 2009-2017 како кадар на ДУИ
Општината должи за реализирани инвестиции и комунални услуги. Се задолжувала и градела локални патишта, поставувала канализациони мрежи, паркови и зеленило, улично осветлување, тротоари и превоз на ученици, а останала должна и за комунални услуги.
Сума во ден |
37.149.381 ден |
34.801.801 ден |
62.997.265 ден |
53.375.222 ден |
57.418.878 ден |
56.526.852 ден |
55.891.411 ден |
2012 година: долг 37,1 милиони денари
- Најголем долг кон ЕЛЕМ – 10,5 милиони денари за поставување јавно осветлување , кон ЕВН 2 милиони за потрошена струја за јавно осветлување. Општината должи кон Препарими пат – 6,3 милиони денари за набавка на бекатон плочки и пополнување на ударни дупки на локален пат, кон НБ компани за изградба на фекална канализација во Горни Челопек. Кон НЛБ лизинг за набавка на возило – 444.000 ден.
2013 година долг: 34,8 милиони денари
-
Останува истиот износ на долгот кон ЕЛЕМ – 10,8 милиони денари, кон ЕВН 2,8 милиони, 5,9 милиони за изградба на основно улилште во Долни Челопек, 3,6 милиони за изградба на локален пат и 1,6 милион денари за изградба на паркови и зеленило. Други обврски - 9,8 милиони денари.
2014 година долг: 62,9 милиони денари
-
Ист иснос на долг кон ЕЛЕМ, ЕВН 1,6 милиони денари, намален долгот за изградба на училиште во Долни Челопек – 5 милиони, за изградба на локален пат од Долни до Горни Челопек должи 17,8 милиони денари. Од другите долгови – 7,7 милиони за изградба на речно корито во село Милетино. Неплатени обврски од 3,5 милиони за изградба на пат од село Жеровјане до село Радиовце, додека за изградба на паркови и зеленило општината има долг од 2 милиони. Други обврски: 11,4 милиони денари.
2015 година долг: 53,3 милиони денари
-
Долгот кон ЕЛЕМ останува ист, кон ЕВН 2,9, намален долгот за изградба на училиште во Долни Челопек на 3 милиони, намален е долгот за изградба на локален пат ид Долни до Горни Челопек на 10,6 и за изградба на речно корито во село Милетино, каде долгот е 4,7 милиони денари. За изградба на паркови во Челопек и Радиовце општината останала должна 4 милиони, За други обврски, општината Брвеница должи 13,3 милиони.
2016 година долг: 57,4 милиони денари
- За изградба на патот од Долни до Горни Челопек обврска од 12,8 милиони. За фекална канализација во Брвеница – 7,8 милиони, 5,3 милиони долг за уредување на речното корито во село Милетино, за израдба на тротоари во Брвеница – 4 милиони а 3,3 милиони за уривање на старото училиште во село Челопек. Други обврски – 13,6 милиони. Ист е износот на долгот за изградбата на патот од Жеровјане до Радиовце и кон ЕЛЕМ.
2017 година долг: 56,5 милиони денари
- Исти се обврските за изградбата на патот од Долни до Горни Челопек кои изнесуваат 12,8 милиони, за речното корито во Милетно – 2,2 милиони, пораснале обврските за изградба на тротоари во Брвеница – 6,7 милиони, за фекалната канализација – 7,8 милиони, како и обврските кон ЕЛЕМ, кои изнесуваат 2,8 милиони. За изнајмување на училишен автобус направен е долг од 4,7 милиони, а за набавка на дрва за училиштата долгот е 3,1 милион денари. Други обврски 11,9 милиони.
Општина Брвеница во 2017 година имала буџет од 119,7 милиони, од кои за плати и надоместоци се наменети 83 милиони или три четвртини од буџетот(69%) оди за плати.За времени вработувања 1,3 милиони, што е за 200.000 денари повеќе од 2016 година, а повеќе од половина од 2015 година, кога за вработувања преку Агенција за времени вработувања биле предвидени близу 600.000 денари. Средствата за привремени вработувања постојано се зголемуваат од година во година. Во 2014 година за оваа намена биле издвоени 131.000 денари.
Вратени обврски по години |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Сума во ден |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.