Под Лупа - Општина Карбинци
| Општина |
Вкупен Долг |
| Карбинци |
17.517.948 ден |
| Долг по година |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
Долг: 16,7 милиони денари. Од Влада на РМ ќе добие 17,1 милиони денари
Актуелен градоначалник: Јордан Насев – СДСМ
2013-2017 – Зоран Минов ВМРО ДПМНЕ
2009-2013 – Васил Бодански ВМРО ДПМНЕ
| Сума во ден |
6.327.220 ден |
6.431.420 ден |
27.917.000 ден |
13.749.070 ден |
56.358.766 ден |
19.972.847 ден |
16.799.959 ден |
Карактеристично за Општината Карбинци е што со години има значаен процент од годишниот приход од странски донации по пат на проекти. Процентуално, 16% од општинскиот буџет го чинат странски донации, а 15% од буџетот се одвојуваат за плати на вработените. Што значи, грубо пресметано, проектите обезбедувале пари за плати за сите вработени. Буџетот слабо се полни сите години со данок на имот, делумно и поради нерешените барања за легализација. Барањата со години стојат нерешени, поради што Општината неодамна најави дека ќе бара адинистративна помош од другите општини за побрзо решавање на насобраните предмети. Најнискиот износ на долгот бил во 2012 година,(6,3 милиони денари) за во 2016 да порасне осум пати и да достигне 56,3 милиони денари.
Инаку, општината градела, купувала возила на лизинг па дури и организирала запрашување против комарци без да плати. Во годините наназад, регистрирани се долгови за комунални услуги, вклучувајќи и долг за струја, за услуги кон градежни компании кои изведувале проекти на терен, за угостителски услуги, горива, за запрашување против комарци, а долгувала и кон фирми за лизинг за возила и за рекламирање на телевизија.
2012 година долг: 6,2 милиони денари
- Меѓу поголемите износи кон компаниите на кои должи општината е кон ТМ ДОО – 2,6 милиони, Инвест А – над 600.000 денари, а пониски се износите за телефонски услуги, потрошена струја, гориво, а на листата на фирми на кои должи е и Проше лизинг со над 500.000 денари и компанијата на семесјтвото на поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, Европа 92.
2013 година долг: 6,4 милиони денари
- Градежни и проектантски компании, електро и компании за мебел се компаниите на кои им должи Општината Карбинци. Над 2,6 милиони е долгот кон гостиварски Имако, кон градежната и транспортна компанија Коле транс – над 700.000 денари, а на листата доверители е и Проше лизинг со 278.000 денари.
2014 година долг: 27,9 милиони денари
- Долг од 19,3 милиони денари општината има кон ГП Бетон, кон штипската градежна компанија Пелагонија инжинеринг, семејна компанија на актуелниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, Карбинци должела 3,5 милиони денари. Над 1,6 милиони кон ТМ ДОО, близу милион денари кон Стоименов ДООЕЛ (фирма од листите на доверители и во Општината Пехчево), а околу 300.000 денари, општината останала должна за угостителските услуги кон ОАЗА Угостителство и Нестор. Долговите кон овие две компании се провлекуваат и следните години.
2015 година долг: 13,7 милиони денари
- Четири градежни компании доминираат со износите за завршени а неплатени работи. Општината има неплатени обрски кон Бетон од 3,5 милиони денари, потоа по над еден милион кон Коле транс, Пелагонија инжинеринг и Карпош. Меѓу неплатените обврски се и кон компании кои вршеле запрашување против комарци, угостителски услуги, набавка на материјли и проектантски фирми.
2016 година долг: 56,3 милиони денари
- Една градежна компанија со ненаплатените работи го чини најголемиот дел од највисокот долг што го имала општината во анализираните години. 43,5 милиони денари изнесувал долгот кон Коле транс. Остнатите се со далеку пониски износ- кон ЕВН – 1,3 милиони, Евроградба инжинеринг – 1,5 милиони, а општината должела и кон регионалната телевизија Стар за иснос од над 120.000 денари.
2017 година долг: 19,9 милиони денари
- Долгот кон Коле транс се намалил на 10,2 милиони денари, кон ЕВН 1,2 мииони, а значителено пониски се долгувањата за гориво, проектирање и други услуги.
2018 година долг: 16,7 милиони денари
| Вратени обврски по години |
2012 год |
2013 год |
2014 год |
2015 год |
2016 год |
2017 год |
2018 год |
| Сума во ден |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
нема информации |
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.