Димовски: Реформи, ама во договор со наставничката фела

Е-пошта Печати PDF

По повод одбележувањето на Денот на учителот, 5-ти октомври Здружението на граѓани „Медиа Плус“ организираше јавна дебата, на која присуствуваше советникот за средно и основно образование во Министерството за образование и наука, Владо Димовски, како и повеќе наставници, професори и претставници од образованите институции во Штип.

debata-2-768x512

 По дебата направиме кратко интервју со Димовски.

 МП: Големо внимание предизвика денешниот собир за се она што се планира и веќе почна да се спроведува. Да слушнеме на кратко за она што го нудите или што претстои за измена на образованието?

 Димовски: Министерката за образование и наука ги најави реформите и тие започнаа како реформи. Започна со одредени мали потези кои со парцијални решенија можат да се направат, но големите реформи престојат, потоа престојат реформите за измена на законите за основно и средно образование, потоа престојат реформите за настаните планови и програми во основните и средните училишта и средното стручно образование. Така што, продолжуваме со тие реформи, но сето тоа е процес бидејки не сакаме сето тоа да се случи преку ноќ. Имавме едно такво искуство изминативе десетина години кога за образованието се одлучуваше дури и во ноќните часови. Ние тоа не сакаме да ни се повтори и токму заради тоа отвараме процеси кои ќе траат подолго и ќе бидат консултирани исклучиво со наставничката фела од Република Македонија.

МП: Првата мерка на новата влада беше укинувањето на екстерното тестирање, потоа следуваше укинувањето на Кембриџ програмата, што е тоа што би требало во блиска да се случува и да се очекува извесна промена како прв чекор кон долготрајните реформи?

Димовски: Голем дел измени  ќе се направат во законите за основно и средно образование и во наставните планови и програми. Слушнавме и денеска дека има барање за намалување на бројот на ученици во паралелките за намалување на часовите во основното образование поготово во оделенската настава каде што наставниците се доста оптоварени. Така што, сите тие реформи ќе престојат во следниот период, но пак ќе кажам, не сме ние семоќни тие реформи да ги направиме преку ноќ, ниту пак сакаме да ги направиме без одредени анализи. Ќе правиме анализи и ќе ги слушаме наставниците.

 МП: На што најмногу реагираат наставниците?

Димовски: Наставниците реагираат на преоптовареноста, прво со часови особено во одделенската настава, реагираат на обврските кои административно им се наметнати со компјутеризацијата со најразлични програми, проекти и така натаму,  при што не им останува време за нивната основна струка – наставничката професија, да се посветатат на квалитетот на образование и на децата.


Во продолжение се наоѓа видео од целата дебата:

You are here МедиаПлус