Извештај за 2020 година

Информација за организацијата:

Здружение на ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ –ШТИП
Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/397 707 лок.208
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk

Мисија

Медиа плус е здружение кое истражува, анализира и иницира, со што влијае врз демократијата и медиумската заедница.

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.
Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.
МЕДИА ПЛУС во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.
Главната активност на Медиа Плус е работа на проекти, преку кои ги остварува своите цели и одржливост.
Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

 

Реализирани проекти во 2020

Без врска не е секогаш #безврска 

(01.07.2019-31.01.2020)

Трошењата, јавните набавки процедурите и отчетноста во општините Кавадарци и Штип се предмет на активностите на новиот проект на Медиа Плус: „Без врска не е секогаш #безврска“.
Проектот е поддржан од Транспарентност – Македонија и НВО Инвоцентар од програмата Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција преку фонд на Европската унија.
Важните локални теми ги донесуваме на централно ниво.

„Подарок под рака„

(01.12.2019-31.06.2020)

Донациите и спонзорствата во фокус на проектот „Подарок под рака“, чија цел е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање  и соработка на компаниите со општините, јавно да укажеме на можни коруптивни делувања, со што делуваме во сузбивањето на корупцијата преку зголемување на свеста кај граѓаните. При тоа, истражувачкото новинарство е една од алатките за постигнување на целта. Проектот е поддржан од Европската унија, како регрантирање на проектот „Заедно во борба против корупција” на организациите Скуп, Институт за човекови права и Медиум.

„Кажи за другите да знаат„

(01.05.2020-28.02.2021)

„Кажи за другите да знаат“ во унапредување на комуникацијата општината со граѓаните. Начинот на комуницирање на граѓаните со локалната власт и институции во Штип и обратно, е мотивот за покренување на редица активности на тимот на Медиа плус, кој настојува да се надмине тој едностран канал, каде граѓаните главно се тие кои слушаат и применуваат.
Проектот „Кажи за другите да знаат“ е делумно поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и се спроведува во периодот мај-декември 2020 година.

 

„И локалната информираност е тест за ЕУ“

(01.11.2019-30.05.2020)

ЗГ „Медиа плус“ го спроведува овој проект со цел зголемување на информираноста на граѓаните на локално ниво за реформските процеси за пристапувањето на државата во ЕУ, преку зајакнување на капацитетите на локалните новинари.
Проектот ,,И локалната информираност е тест за ЕУ“ го спроведува „Медиа Плус“ ,финансиран од Фондацијата Отворено општество-Македонија„

 

„Реагирај на вистинското место“

(01.09.2019-29.02.2020)

ЗГ ,,Медиа Плус“ од Штип го спроведува проектот ,,Реагирај на вистинско место. “
Станува збор за проект во чиј што фокус е граѓанинот и неговото активно вклучување во креирањето на локалните политики, конкретно штипската локална самоуправа во областите урбанизам и екологија.
Проектот е финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија-ФООМ

 

Отварање на регионален ресурсен центар во Штип поддржан од Делегација на ЕУ 2018

(15.02.2018-31.06.2021)

Медиа плус – Штип – Граѓански ресурсен центар во Штип на 29 мај 2018 година.

Овој центар обезбеди иновативен и инспиративен простор за големите и мали локални граѓански организации (ГО) и активисти, и пружа поддршка и лесен пристап до ресурсите потребни за нормално функционирање на ГО. Целта на проектот е да се помогне во зајакнувањето на ГО, кои се независен фактор во обликувањето на општествениот живот и демократијата во земјата, како и за создавање овозможувачка околина која ќе го поддржи развојот на граѓанскиот сектор.

Со програмата функционира три ресурсни центри – во Скопје, Гостивар и Штип, како и Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.

 

Здружени сме посилни и побезбедни

(01.06-2019-31.03.2021)

Градење на партнерски однос меѓу граѓаните, заедниците, граѓанските организации и локалните власти преку Советите за превенција во делот на сигурноста, безбедноста и превенцијата, е акцијата на Здружението „Медиа плус“ од Штип,. Насловот на проектот е „Заедно сме побезбедни и посигурни“, каде во средиштето се локалните Совети за превенција како мост за соработка и вмрежување.

Проектот се спроведува во осум градови од осумте плански региони во период од 18 месеци. Проектот е поддржана од Цивика мобилитас

 

Активности на Медиа Плус во 2020, надвор од проектните активности

Медиа плус учествуваше на неколку јавни расправи организирани од ресорните министерства и граѓански коалиции кои се однесуваа на реформи во граѓанскиот сектор и реформи во медиумите.

 

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ МЕДИА ПЛУС 2020

 

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ 2018 2019 2020
ВКУПНО ПРИХОДИ(240+243+244+247+248)   2,493,174.00 3,945,977.00 8,273,860.00
ВКУПНО РАСХОДИ: 1,319,747.00 1,921,057.00 3,962,693.00