„Да не си во кожата на жртвата на булинг“ – идните врснички едукатори од Штип учеа за меѓуврсничкото насилство

Низ игра на улоги, работа во групи, преку презентации и различни активности, учесниците од три средни училишта во Штип се запознаа со основните поими поврзани со врсничко насилство/булинг. На работилницата што ја организираше „Медиа плус“ водена од младинскиот едукатор Драгана Митровиќ, ученици од СОУ „Славчо Стојменски“,СОУ „Коле Нехтенин“ и СОУ „Јане Сандански“, младите дискутираа за динамиката на булингот и стратегиите за надминување. Исто така, низ интерактивна работа се зборуваше за превенција, со особен акцент на  тоа што  тие како ученици можат да направат, многу често наоѓајќи се во улога на набљудувачи.

Обучените врснички едукатори во текот на оваа учебна година ќе имаат можност низ разговор со своите врсници, да го пренесат знаењето и да дискутираат за начинот на спречување на ширењето на меѓуврсничкото насилство.

Младите учеа, се дружеа, разговараа, играа улоги, што не секогаш им се допаѓаа – на насилник и жртва. Како што рекоа, и двете улоги не сакаат.

Споделуваме неколку изјави од впечатоците на учесниците:
„Се чувствував многу пријатно и интересно. Научив одбранбени потези за булингот, како може да се реагира и како може да се препознае.”
„Најмногу ми се допаѓаше целокупната дружба и комуникацијата.”
„Одлично. Многу убаво беше се и интересно. Забавно. Научивме како да се справуваме со булингот. Супер.”


„Се чувствував убаво, заинтересирано и вклучено во дискусијата. Научив дека сите имаат различни мислења и за жртвите и за насилниците, општо за булингот.”
„Научив дека пред да осудиме некого, треба да дознаеме која е причината за таквото однесување. ТОП!”
Работилниците за обука на врснички едукатори се дел од активностите се дел од проектот „Безбедноста е нашето мото“, делумно поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.