(Видео) Дигиталното насилство понекогаш боли повеќе од физичкото

Интернетот покрај сите позитивни нешта што ги внесе во животот на младите го внесе и дигиталното насилство кое остава вистински рани, главно психолошки. Истражувањата на УНИЦЕФ покажуваат дека дури 70% од младите биле изложени на некој облик на дигитално насилство и дека најголем број жртви се на возраст од 10-21 година.

Тоа се деца и млади кои потоа избегнуваат социјализација, избегнуваат пријатели, не сакаат да се дружат со други, се изолираат, попуштаат со успехот во училиште, губат интерес за до тогаш омилените активности имаат несоница, ги следат негативни мисли.

Како да се спречи. Како да се бориме сите заедно како општество против дигиталното насилство и каде да се пријави, зборуваме во едукативното видео што настана во рамките на проектот „Сигурни во виртуелниот свет“ на ЗГ „Медиа плус“ – Штип поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

#SMARTBalkans #SupportedByNorway #MediaGrant #CRPMmk

Содржината на ова видео „Дигиталното насилство понекогаш боли повеќе од физичкото„ е единствена одговорност на Медиа Плус и не мора да ги одразува ставовите на Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.