Годишен извештај за 2015

ГОДИШЕН НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2015 ГОДИНА

 

Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/397 707 лок.2018
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk

Здружението е основано со цел остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања. Наша мисија е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост.

Медиумите ја имат контролната четврта власт и се главен коректор на општествените текови. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

За целиот период на реализација на проектните активности за нас најзначајно достигнување е проектот Моја Општина реализиран со помош на Civica Mobilitas преку кој успеавме да допреме до суштинските проблеми кои ги имаат граѓаните со локалната самоуправа, јавната администрација, Советите на општините. Имаме пополнети анкетни прашалници и продуцирано емисии кои се емитуваа на национално ниво на Радио Канал 77. Проектот се спроведува во општините Струмица, Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Струга, Тетово, Дојран, Делчево, Штип и други општини во периодот од април 2010 до октомври 2016 година.

I. МИСИЈА
Мисија на здружението

Наша мисија е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт. Ние ќе ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Медиумите ја имат контролната четврта власт и се главен коректор на општествените текови.

 

Ние ќе организираме промотивни настани и активности, ќе ги доближиме граѓаните до медиумскиот свет и ќе постигнеме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

II. ВИЗИЈА
Визија на здружението

Наша визија е да го насочиме општеството кон просперитет со намалени конфликти социјални разлики и со помош на медиумите да ја подигнеме свеста на граѓаните. Иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Најголем преностител на овие фактори се медиумите, тие се наша цел. Иднината на македоското општество е во глобалниот свет на медиумите и комуникациите.

Подигање на свеста на граѓаните за подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.

ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ , ЗАДАЧИ И ЦЕЛИ

1. Продукција на програма од јавен интерес

– Радио
– ТВ
– Печатени медиуми
– Интернет изданија

2. Организирање на јавни собири

– Дебатен клуб
– Изложби
– Промоции на аудио и видео изданија
– Промоција на книги и брошури

3. Едукација

– Организирање на тренинзи и семинари
– Обука на невладиниот сектор за ПР активности
– Посредување во организирање на курсеви за апликации, компјутери и јазици

4. Истражување

– Посредување и организирање на истражување за влијанието на медиумите
– Анализа на содржините
– Промовирање на истражувачки резултати преку веб
– Запознавање на јавноста со новите медиумски содржини

 

Имплементирани активности во рамките на Цивика Мобилитас во 2016
„МОЈАТА ОПШТИНА И ЈАС ГРАЃАНИНОТ„

01.08.2015-31.07.2016

Општа цел
Поттикнување на граѓанското општество за активно залагање за демократски реформи кои ќе создадат институции во функција на граѓаните.

Специфична цел
Да се охрабрат граѓаните, за јавно изнесување на проблемите.

Да се воспостави подобра релација институции-медиуми-граѓанство во решавање на граѓанските проблеми и потреби.

Да се зголеми транспарентноста, одговорноста и отчетноста на надлежните институции за граѓанските потреби со што ќе се осигура владеење на правото.

Клучни постигнувања

1.Зголемена е свеста кај граѓаните дека треба гласно да зборуваат за нивните пробеми, бидејки можат да донесат и решенија на истите.

 

2.Институциите и локалната власт се под опсервација на граѓаните и медиумите и понекогаш нивните реакции можат да го забрзаат и решавањето на ордредени граѓански проблеми.

3. Од директните разговори со политичарите и функционинерите во локалната власт кои беа вклучени во проектот излезе сознанието дека тие се директно одговорни и треба да бидат отчетни пред граѓаните за нивната работа.

Интеракцијата во текот на радиоемисиите со публиката придонесе за тоа, локалната власт да ја почувствува потребата да одговори на одредени прашања за животот на граѓаните.

Граѓаните се охрабрени да ги изнесат своите проблеми и да дадат предлози за нивно решавање. Тие се директно вклучени со посочување на одредени општествени проблеми.

Потранспарентно запознавање на сите граѓани во државата за руралните општини и нивните проблеми за кои некој и никогаш не слушнале. Поттикнување на граѓанското општество за активно залагање за демократски реформи кои ќе создадат институции во функција на граѓаните. Подобрување на квалитетот на локалната самоуправа и односот кон граѓаните како крајни корисници на услугите. Зголемување на транспарентност, отчетност и добро владеење. Меѓусебно информирање на градоначалниците, советите и раководните кадри во општините.Нашата целна група се сите граѓани, поконкретно граѓаните на руралните општини, органите на власта и медиумите. Целта ни е граѓаните да знаат дека сите органи на Локалната самоуправа постојат за нив и се избрани од нив.

Со можноста да се види степенот на отчетност на локалните самоуправи, граѓаните, публиката ја имаше улогата на „судија„ за работењето на локалните власти и тоа да го каже непосредно преку акцијата на Радио Канал 77 и Медиа Плус.

Резултат 1:
Охрабрени граѓани свесни дека заради нив постојат институциите и општините.

Резултат 2:
Воспоставување на подобра релација институции-медиуми-граѓанство. Зголемена информираност. Зголемена свест кај јавната администрација и кај органите на локалната власт.

Зголемена е ефективноста во иницирањето и решавањето на одреден граѓански проблем за што значајна улога имаше здружението.

Преку здружението директно се поставува комуникација помеѓу граѓаните, локалната власт и медиумот.

Резултат 3:
Подобрени услуги, детектирани и набележани проблеми.

Активности
1. Во првата фаза се подготвија и пополнија анкетните прашалници во 6те општини. Пополнети се вкупно 120 анкетни прашалници, по 20 од секоја општина.

2. Потоа тимот направи анализа и се поставија темите за обработка. 15-тина теми преовладуваа во сите анкети, од кои ние издвоивме 6, по една за секоја од шестте општини.

3. Откако тимот на Медиа Плус и на партнерот Радио канал 77 ги одбра темите се снимаше на терен, се правеа анкети со граѓаните, граѓансски сектор, експерти, претставници на државните и општинските институции како и локалните самоуправи

Втора фаза
4. Во втората фаза се правеше подготовка, продукција, монтажа на аудио материјал од страна на партнерот. Се продуцираа 6 емисии за секоја општина по една, во траење од 7-10 мин. Потоа се емитуваа на радио. Активноста се реализираше во студио, телефонски и на лице место.

5. Промоција на активностите со продукција и емитување на промотивни спотови се одвива во текот на целото траење на проектот.

Беа продуцирани 5 аудио спота, со едукативна содржина во вид на порака за начинот на одлучување на граѓаните во нивната општина.

6. По комплетната продукција Прилогот-емисијата се емитуваше на Канал 77, еден ден во неделата, преку една недела, со претходна најава на терминот.

Покрај емитувањата радио емисиите се поставаија и на веб страните на Медиа плус и Канал 77 и се даде можност за детектирање на проблеми од други општини.

7. На веб страничката на Медиа плус и Канал 77 се постави транскрипт од секоја емисија. На ваков начин максимално се користат ресурсите од проектот и истите ќе добијат мултимедијална димензија применлива во повеќе медиуми на комуникација.

8. Преку поставување на сектор за веб форуми и коментари посетителите на страничката преку форумите ќе можат да даваат свое мислење и коментар.

Трета фаза
Анализа на резултатите од проектот со две завршни емисии Стадион која ги содржи анализата на резултатите и постигнатото од активностите.

9. Архивирани веб материјалите, коментари и форуми.

Направена е архива на целиот материјал кој е претходно сработен. Ова е корисен материјал за останатите новинари и медиуми кои истражуваат и работат теми кои ги обработуваат емисиите од проектот.

а) Соработка (заедничко работење), – Медиа Плус и пратнерот Радио Канал 77 организираше промотивни настани и активности, за да ги доближиме граѓаните до медиумскиот свет и да постигнеме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Анкетарите, граѓаните, членовите на здружението и новинарите беа вклучени во активностите при што придонесоа во спроведувањето на заедничките акции. Исто така преку активностите ги вклучивме и другите граѓански организации кои не се наши партнери, но користејќи ги нивните публиковани материјали од реализираните активности беа дел од нашите заеднички акции.

Медиа Плус има направено истражување за слушаноста на медиумот преку Медиана-истражувачка агенција, за видот на публиката, со што потврдивме дека радиоемисиите пораките допреа до предвидените таргет групи..

Преку поставувањето на темите на веб, објавата на аудио емисиите на веб и Емитувањето на емисиите на национално ниво постигнавме максимален ефект на информираност и транспарентност на работата како на здружението, така и на надлежните институции. Преку организирање на прес конференции и ПР активности ќе се зголеми информираноста.

ИНОВАТИВНОСТ

Спојот на традиционален медиум со новите интернет технологии е иновативен чекор каде се прави спој и опхат на поголема публика. Во текот на нашите акции користевме традиционален медиум, поврзување со социјалните мрежи за форум и оставање на коментари за изнесување на проблемите.

Медиа плус преку својот партнер учествуваше на форумот Граѓански ангажман и волонтерство кој се одржа во Декември 2015 во Скопје, преку претставници на Канал 77 и Медиа Плус.

На Локалните форуми, како и на работилниците организирани од Цивика Мобилитас исто така беше присутен претставник од партнерот и наш член.

Нашиот партнер Канал 77 редовно информираше за активностите на грантистите на Цивика и на активностите на програмата.

Мадиа плус и Радио Канал 77 беа присутни и известуваа од Д-Фестивалот во Дојран и Дримон Струга, каде свои активности имаше Цивика со своите грантисти.

Главни лекции научени од досегашното работење е доброто лидерство, добро управување, почитување на човековите права, толерантноста и со здружување и вмрежување до постигнување на цели и резултати.

Лидерството е процес на социјално влијание каде што еден човек ги организира и да ги поддржува другите при остварување на некоја заедничка цел. Лидерските способности на менаџментот ни овозможува да креираме окружување што поттикнува обврзување на вработените/ангажираните во проектот да учествуваат во извршувањето на стратегијата на организацијата.

Основни лидерски вештини кои ги научивме во текот на спроведувањето на активностите се :

– Лидерство

– Лобирање

– Вештини за справување со конфликти

– Интерперсонални вештини

– Убедувачки вештини

Во нашата организација, лидерот е оној кој ја поставува патеката, го дава ритамот и гради доверба меѓу тимот. Организациски развој постигнавме преку градење на довербата која содржи верувања, вредности, вештини и соодветни особини.

Во текот на работата, преку волонтирање, односно следење на форумите и работилниците, за помладите кадри овозможивме дополнителна наобразба и нивно оспособување за раководење на нови проектни циклуси.

Доброто управување на организацијата се сведуваше на постојана комуникација со тимот и заедничко донесување на одлуки и решенија, при што беше испочитувано мислењето на членовите на организацијата и на претставниците на партнерот. Тимот на партнерот беше од различни градови на Македонија со што се постигна целта за децентрализација. Реализиравме неколку заеднички сопстаноци каде беа разменети мислењата од претставниците на сите 6 општини.

Медиа плус заклучи а и постојано го потенцира фактот дека за да јавноста има слика за самата организација, за нејзините активности, мисијата и визијата, мора да биде континуирано во комуникација со медиумите, посебно со независните медиуми на кои народот им верува.

На тој начин граѓаните знаат која организација на кој проблем работи, како го решава и која е нејзината мисија. На тој начин информираниот граѓанин има цела слика за организацијата и може да се обрати и да побара помош, совет или предлог за решавање на проблем.

Ние како граѓанска организација станавме посредник помеѓу граѓаните и власта. Граѓаните се окуражени да се обратат до инстутуциите, а тие пак треба да ги споделат информациите јавно.

 

Преку граѓанството учество во активностите ние добивме подготвено за промени и информирано граѓанство кое може да влијае врз отчетноста и транспарентноста. Без заедничка соработка тоа не е можно. Поради тоа неопходно е поголема воља на инситуциите во соработка и отвореност за граѓанските проблеми и подготвеност на граѓаните за поголемо учество во одлучувањето, при што се создаваат и подобрени услови за работа на граѓанскиот сектор.

Финансиски извештај Медиа Плус 2015-16

 

 

 
МЕДИА ПЛУС
Трошоци
Фактури 15,560
Хонорари 166,000
ПДД 18,466
Провизии 2,309
Трговска марка 600
приходи
Камати 26
Проходи од прокт Цивика Мобилитас 897,325