Волонтирање во Медиа Плус

Е-пошта Печати PDF

 

Здружението за граѓани - Медиа Плус како дел од своите активности за зајакнување на капацитетите отвора можност за сите заинтересирани да се вклучат како волонтери во работата на организацијата. Идните волонтери ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат работни вештини и ќе ги надградат своите знаења.

Некои од основните обврски на секој волонтер ќе бидат:

  • Логистика за настани организирани од Медиа Плус
  • Одржување на профили на социјални медиуми
  • Истражување и пронаоѓање на содржина на одредени теми
  • Контактирање и известување на соработници на организацијата за разни новости

Други обврски кои може да ги извршува волонтерот во зависност од неговите квалификации се:

  • Работење на софтвер
  • Превод на разни статии за општеството.

Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од проектите кои се изведуваат во конкретниот период. Заинтересираните кандидати треба да волонтираат минимум 3 месеци, со минимално работно време од 4 часа во денот. Во периодот на волонтирање, Медиа Плус ќе ги покрива трошоците за храна на волонтерот.

Сите заинтересирани може да пратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо по електронска пошта на info@mediaplus.org.mk.

 

You are here Волонтирање