Задачи и Цели

Е-пошта Печати PDF

infrastrukturaСоодветна инфраструктура

Своите инфраструктурни можности ќе бидат пренасочени кон спроведување на проектните цели и активности, согласно програмата за работа на МЕДИА ПЛУС. Со тоа ќе се овозможи инфраструктурално користење од страна на бизнис, државен и граѓанскиот сектор со помош на соодветно опремен и адаптиран простор погоден за секаков вид на настани. Во користењето на услугите ќе бидат вклучени СМЕ и коморите (бизнис секторот); НГОс и центри за поддршка на НГОс; работнички универзитети, Факултети (образовни институции); управни и раководни тела во школите (Цивилен сектор); домот на културата, домот на млади библиотеки (културни институции), како и Општини и политички партии (општествено политички институции). Просторот ќе биде прилагоден за организирање на конференции, прес настани, семинари, обуки, конвенции, и др.

Техничка опременост

Во корелација со инфраструктуралните можности МЕДИА ПЛУС ќе овозможи и адекватна техничка опременост, потребна за спроведување на најразличен облик на настани. Од техничката опрема на располаѓање ќе бидат: озвучување на просторот, опрема за симултан превод, прожектори, видео бим и др. технички можности. Техничката опрема ќе биде користена при организирање на саеми, семинари, конвенции, конференции, состаноци и слични вакви настани. Ваквата техничка опременост на настани ќе бидат организирани одстрана на Медиа Плус за потребите на бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.

Кадровската екипираност соодветсвена на дејноста (мисијата)

Со соодветен стручно екипиран кадар МЕДИА ПЛУС има капацитет да им овозможи на културниот, политичкиот и бизнис сектор адекватни логистички, едукативни и промотивни услуги. Исто така ќе организира доквалификациони обуки во самата невладина за подобрување на човековите ресурси во Медиа Плус. Услугите ќе бидат пренасочени за  едукативно спроведување на семинари, работилници и обуки во областа на промоцијата, маркетинг, новинарството, ПР-от, како и едукации со комерцијален интерес и позадина. Логистички услуги ќе бидат спроведувани за организирање на саеми, хуманитарни настани, фестивали и др. слични од ваков тип настани. Во склоп на промотивните услуги МЕДИА ПЛУС ќе спроведува и кампањи со најразлична тематика за бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.

Промоција и ПР активности

ПР на МЕДИА ПЛУС ќе изработи ПР план кој ќе содржи:

  • Анализа на ПР ситуацијата во Македонија
  • Бацкгроунд на институциите во корелација со ПР-от
  • Цели и начини на водење на кампањи и друг тип на медиумски промоции

Начинот на постигнување на целите ќе зависи од:

  • Соработката на Медија Плус со инволвираните субјекти
  • Методите на обраќање
  • Тактичките комуникациски вештини
  • Проектен тим кој ќе партиципира во Медиа Плус

За достигнување на целите утврдени во ПР планот ќе бидат вклучени субјектите со кои работи МЕДИА ПЛУС како што се: факултетите, работнички универзитети (образовни институции), Домот на културата, Домот на млади, библиотеки (културни институции), бизнис субјекти, Хотели (комерцијални институции), како и Општини, Политички партии (општествено политички институции).

ПР улогата ќе биде спроведувана со помош на следниве методи:

  • Соопштенија за медиумите;
  • Конференции за печат;
  • Медиумски настани.

Добивање на продлабочени прилози

  • Брифинзи за новинари;
  • Посета за новинари;
  • Убедувачки писма.

За градење на односи со јавноста Медиа Плус ќе спроведува:

  • Интервјуа за сујектите соработници;
  • Медиумски настани (културни, едукативни, спротски итн.);
  • Поделба на промо материјални (ЦД, Флаери, беџови, видео презентации);
  • Посети за новинари;
  • Коктели.

ПР тимот на МЕДИА ПЛУС ќе го реализира изработениот ПР план преку планирање, организирање и имплементирање на:

  • Заседавања во корелација со менаџментот и неговото влијание со клучните јавни индивидуи;
  • Истражувања на ставовите и мислењата кои влијаат на однесувањата и верувањата;
  • Маркетинг комуникации со бизнис секторот;
  • Односи со општините;
  • Одности со корисниците;
  • Односи со вработените;
  • Државни прашања од областа на регулативе, легислативе и др. правни форми;
  • Инвестициони односи со јавните компании, бизнис консултантите и др. бизнис субјекти.

Имплементирањето на ПР планот ќе биде конкретно одреден со рокови како и со строги термини за организирање на кампањите и другите предвидени активности во ПР планот:

  • Обработка на имплементирани активности
  • Позитивен ефект од страна на јавноста
  • Влијание на јавното мислење врз самите активности

Преку спроведувањето на промотивни и ПР активности ќе се овозможи подобрување на имиџот и работата на заинтересираните субјекти за користење на овој вид услуги:

  • Спроведување на обуки
  • Обуки за Мали и Средни Претпријатија од областа на маркетингот и ПР можностите
  • Обуки за политичките субјекти за ПР и локално владеење
  • Обуки за менаџмент во областа на културата и ПР
  • Иницирање на бизнис средби и саеми
  • Покривање на општествени јавни депати
  • Спроведување на дебати и решенија за маргинализираните групи:
  • Проституција,
  • Луѓе со посебни потреби,
  • Малолетничка деликвенција,
  • Нарко-зависници и нивните семејства.
You are here За нас ЗАДАЧИ И ЦЕЛИ