Мисија на здружението

Е-пошта Печати PDF

Мисија на здружението

Наша мисија е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност на чинителите во извршната , судската и парламентарната власт .Ние ќе ги насочуваме  медиумите да ја извршуваат својата јавна функција , независно од нивната сопственост. Медиумите ја имат контролната четврта власт и се главен коректор на општествените текови.
Ние ќе организираме промотивни настани и активности , ќе ги доближиме граѓаните до медиумскиот свет и ќе постигнеме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Визија на здружението

Наша визија е да го насочиме општеството кон просперитет со намалени конфликти социјални разлики  и со помош на медиумите да ја подигнеме свеста на граѓаните .Иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот .Најголем преностител на овие фактори се медиумите , тие се наша цел . Иднината на македоското општество е во глобалниот свет на медиумите и комуникациите.
Подигање на свеста на граѓаните  за подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво


1. Продукција на програма од јавен интерес
o Радио
o ТВ
o Печатени медиуми
o Интернет изданија

2. Организирање на јавни собири
•  Дебатен клуб
•  Изложби
•  Промоции на аудио и видео изданија
•  Промоција на книги и брошури

3. Едукација
•  Организирање на тренинзи и семинари
•  Обука на невладиниот сектор за ПР активности
•  Посредување во организирање на курсеви за апликации,компјутери и јазици

4. Истражување
• Посредување и организирање на истражување за влијанието на медиумите
• Анализа на содржините
• Промовирање на истражувачки резултати преку веб
• Запознавање на јавноста со новите медиумски содржини

You are here За нас МИСИЈА