Градоначалниците од ИПР се запознаа со решенија засновани на природата за пречистување на водитe

Можностите кои ги нудат решенијата засновани на природата за пречистување на отпадните води, а преку нив и адаптација на климатските промени беа презентирани на последната, седма седница на Советот за развој на Источен плански регион. Пред градоначалниците од сите општини, кои се дел од овој плански регион, претставници на јавно – комуналните претпријатија и општинската администрација, д-р Петра Поп Ристова го претстави концептот на овој релативно нов и современ начин на пречистување на водите. Исто така, зборуваше и за решенијата, кои ќе може да се применат во уредувањето на речните текови, со цел полесно прилагодување кон климатските промени.

Оваа активност како дел од проектот „Иновативни решенија за зелен Исток“ на ЗГ „Медиа плус“ е  во рамките на консултативни средби со засегнати средби во функција на запознавање и кревање на свеста од примената на природните решенија за унапредување на природата.

Претходеа и неколку средби со претставници на бизнис  секторот, општината Штип и ЈП „Исар“.

За 30 ноември е планиран јавен настан, на кој се очекува пред поширок состав на засегнати страни, граѓани и граѓански организации да се престават резултатите од проектните активности, поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку тематскиот приоритет  „Праведно прилагодување кон климатските промени“ и концептот „Зелен скок – партнерство за климатска акција“.