Интерактивна мапа со точки на испусти во и околу Брегалница

Како дел од проектот „Иновативни решенија за зелен Исток“ подготвивме интерактивна мапа со точки, кои низ фотографии, информации и гео-локација ги прикажуваат поголемите испусти во реката Брегалница и капацитети кои се лоцирани во Штип и Карбинци. Податоците се базирани на увид на терен од проф. д-р Ѓорги Димов, декан на Природно – техничкиот факултет во Штип и д-р Петра Поп – Ристова, акватички биолог. Исто така се земени податоци од интернет страните на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Штип, каде се објавени дозволите за интегрирано – еколошко управување.
На интерактивната мапа со жолта точка се означени капацитетите, кои работат со А интегрирана – еколошка дозвола, со портокалова боја капацитетите со Б интегрирана – еколошка дозвола и со црвена точка испустите, кои директно или индиректно завршуваат реката Брегалница.
Со кликнување на секоја од точките се гледаат основните податоци за капацитетите и испустите, проследени со теренските фотографии и предлог решенијата базирани на природата.
Мапата е активна, може да се надополнува и проширува, што е наша намера во перспектива.
ЗГ „Медиа плус“, со соработка со проф. д-р Ѓорги Димов, декан на Природно – техничкиот факултет во Штип и д-р Петра Поп – Ристова.
Фотографии: Кире Андонов.
Интерактивната мапа е активност од проектот „Иновативни решенија за зелен Исток“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија ФООМ.