Ковачевски „ќе игра“ како Заев ќе каже, сугерира портал преку манипулација со видео
Рецензираме текст со наслов „(Видео) Ковачевски одговори дали Заев ќе има влијание врз него ако биде избран за лидер на СДСМ“ објавен на веб портал. Текстот е типичен пример на дезинформација, каде авторот намерно фабрикува аудио или други визулени содржини со однапред предвидена цел.
Новинарот во текстот ја пренсува изјавата на кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од 1 ви декември 2021 во која тој одговара на новинарско прашање колкаво ќе биде влијанието на досегашниот лидер и премиер, Зоран Заев, но неговата изјава нема конкретен одговор на прашањето, ниту пак наговестува дека премиерот ќе има влијание:
„Јас штотуку ја донесов мојата кандидатура, проследена со моја програма. Моето работење и мојот интегритет ќе го потврдам преку работењето, преку политиките и преку одлуките коишто ќе ги носам доколку бидам избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачевски.
Но, во текстот подолу се носи заклучок врз основа на видео во времетраење од неколку секунди дека тоа говори поинаку од изјавата на Ковачевски. Новинарскиот текст користи видео снимено 20 дена пред овој текст од прес конференцијата по првата средба помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на која присуствува и Ковачевски.
Извадоци од прес конференцијата:
Новинар: Уште едно прашање за господинот Ковачевски, ако може само?
Заев: Претседателите ќе дадат одговор.
Новинар: Само вие ќе давате ?!
Заев: Ние ги водиме денеска разговорите.
Врз основа на оваа кратка комуникација, но и гестикулација на премиерот, новинарот доаѓа до заклучокот „Сепак ова видео говори малку поинаку од она што го тврди пуленот на Заев“.
Фактот е дека Ковачевски одговара на новинарското прашање на 1 ви декември 2021, но новинарот повикувајќи се на видео многу порано објавено временски во однос на изјавата на Ковачевски од 29 ти ноември 2021, во кое премиерот вели дека само претседателите ќе даваат изјава, на моменталната прес конференција заклучокот погрешно се толкува. Односно новинарот сака да наметне сомнеж кај читателот.
Според кодексот на новинари новинарот треба да прави разлика меѓу факти и мислења, меѓу веста и коментарот.
Според насоките за етичко известување на онлајн медиумите, при пренесувањето тврдења на политички субјекти или други извори, ќе настојуваат секогаш кога е тоа можно да ги проверат тие тврдења, односно да не бидат само пренесувачи на “сервирани факти“ од некој друг. Со тоа, на публиката ќе ѝ овозможат да прави разлика меѓу фактите и шпекулациите или дезинформациите, особено кога станува збор за важни и актуелни случувања и теми.
Манипулативните обликувани текстови не се дозволени во новинарството, ниту пак тврдења на основа на свои лични гледања и размислувања, со што читателите намерно се доведуваат во заблуда.
Член 2, (2.2) од Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, вели:
Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.