Безбедни во виртуелниот свет со заштитени лично податоци

Рамно на утопија, но вреди да се обидеме што побезбедно да „пливаме“ во неограничениот свет на интернетот. При тоа, да успееме да си ги заштитиме личните податоци, во кои не се само името и презимето, адресата, датумот на раѓање. Зошто е важна нашата приватност и интернет,
како да ја заштитиме и не помалку важно каде да се обратиме во случај на прекршувања во видеото со Елена Стојановска, специјалист во областа заштита на личните податоци.
„Кликни мудро“ ве води во вашата задолжителна лекција по приватност.