(видео) Сурфајте со широко отворени очи

Од моментот кога пристапувате на интернет, станувате потенцијална жртва на сајбер криминалците. Делуваат на повеќе начини, но крајната цел на овие современи дигитални пирати е стекнување со средствата и имотот на другите, како и до нивните лични податоци. Фишингот е најчестата активност, но меѓу помладите особено е присутно сајбер насилството.

Поради тоа, во рамките на проектот „Сигурни во виртуелниот свет“, ЗГ Медиа плус подготви видео материјал со универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев, каде укажува на повеќе можно злоупотреби во сајбер просторот.

На крај препораките се:

             Обрнете внимание кога читате е-маилови и отворање фајлови;

Инсталирајте и користете анти-вирусни програми;

             Надградувате го софтверот;

             Користете firewall;

             Правете бекап на важните фајлови;

             Користете силни лозинки;

             Внимавајте од каде инсталирате програми.

Погледнете во видеото: