(Видео) Кога AI вмеша прсти, лажните вести стануваат вистински

Популарните водители на Утринското шоу на националното радио Канал 77 Христина Спирова и Мирко Голомеов зборуваат за сопствено искуство во соочувањето со дезинформации.
Христина говори за конфузијата што ѝ се создала со случајот со лажната фотографија на Папата Франциск во бела јакна од пердуви, за која подоцна разбрала дека е креирана од вештачка интелигенција. По првичното чудење за Папата во модерната јакна, разбрала дека е фотомонтажа која го дезинформираше светот.
Пораката пред се’ до младите е – Не верувајте на се’ што ќе видите и особено внимателност на тоа што споделувате на своите канали, бидејќи на тој начин придoнесувате кон ширењето на дезинформацијата.
„Барби“ не му попречи на „Опенхајмер“ во неговата премиера.
Мирко говори за заблудите пласирани преку медиумите со наводно одложената премиера на филмот „Опенхајмер“. Следеа објави од медиумите со информацијата дека се работи за лажна вест.
Затоа, видеото порачува: Внимавајте на дезинформациите кои можат да ве изманипулираат.