Извештај за 2021 година
Информација за организацијата:
Здружение на ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ –ШТИП
Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/397 707 лок.208
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk
Мисија
Медиа плус е здружение кое истражува, анализира и иницира, со што влијае врз демократијата и медиумската заедница.
Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.
Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.
МЕДИА ПЛУС во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.
Главната активност на Медиа Плус е работа на проекти, преку кои ги остварува своите цели и одржливост.
Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.
Реализирани проекти во 2021
01.05.2020-28.02.2021
„Кажи за другите да знаат“ во унапредување на комуникацијата општината со граѓаните
Начинот на комуницирање на граѓаните со локалната власт и институции во Штип и обратно, е мотивот за покренување на редица активности на тимот на Медиа плус, кој настојува да се надмине тој едностран канал, каде граѓаните главно се тие кои слушаат и применуваат.
Проектот „Кажи за другите да знаат“ е делумно поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и се спроведува во периодот мај-декември 2020 година.
Отварање на регионален ресурсен центар во Штип поддржан од Делегација на ЕУ 2018
15.02.2018-31.06.2021
Медиа плус – Штип – Граѓански ресурсен центар во Штип на 29 мај 2018 година.
Овој центар обезбеди иновативен и инспиративен простор за големите и мали локални граѓански организации (ГО) и активисти, и пружа поддршка и лесен пристап до ресурсите потребни за нормално функционирање на ГО. Целта на проектот е да се помогне во зајакнувањето на ГО, кои се независен фактор во обликувањето на општествениот живот и демократијата во земјата, како и за создавање овозможувачка околина која ќе го поддржи развојот на граѓанскиот сектор.
Со програмата функционира три ресурсни центри – во Скопје, Гостивар и Штип, како и Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.
Здружени сме посилни и побезбедни
01.06-2019-31.03.2021
Градење на партнерски однос меѓу граѓаните, заедниците, граѓанските организации и локалните власти преку Советите за превенција во делот на сигурноста, безбедноста и превенцијата, е акцијата на Здружението „Медиа плус“ од Штип,. Насловот на проектот е „Заедно сме побезбедни и посигурни“, каде во средиштето се локалните Совети за превенција како мост за соработка и вмрежување.
Проектот се спроведува во осум градови од осумте плански региони во период од 18 месеци. Проектот е поддржана од Цивика мобилитас.
„Утопија?Бистри води зелен исток„
01.05.2021-31.12.2021
Преку активностите на проектот „Утопија? Зелен Исток, бистри води“, интензивно работеше на подигнување на јавната свест кај населението, со цел да извршат притисок врз институции, но и загадувачите за поголема грижа за реката, со цел мобилизација на јавноста. Серијата креативни решенија е во насока на издигнување на потребата од поголема грижа за реката Брегалница преку поттикнување на институциите и инспекциите да ги преземат своите надлежности и одговорности, а граѓаните унапредат својот однос кон природата. Исто така, и се покрена јавната дискусија за поголема грижа за реката и животната средина, од која зависи секојдневниот живот на целиот Брегалнички регион.
01.09-2021-30.08.2022
ЗГ Медиа плус реализира серија активности, со цел да ја пополни празнината во образовниот процес и потребата кај младите од поголема интернет безбедност и безбедноста на нивни приватни податоци, кревање на свесноста од негативните влијанија на комуникацијата на интернет. Дел од планираните активности во 12 месеци се однесуваат и на подложноста и препознавањето на дезинформациите и лажните вести. Преку информирање и едукација, влијаеме врз зголемувањето на резистентност кон злонамерните обиди и препознавање на делувањето на групите кои работат кон предизвикување на емоционално, социјално, економско и политичко влијание на општеството. Младите – корисници на проектот ќе се здобијат со поголемо знаење за безбедноста на интернет,препознавање на дезинформации и отпорност кон влијанија од интересни групи.
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ МЕДИА ПЛУС 2021
БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ
БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ | 2021 |
ВКУПНО ПРИХОДИ | 2.321.845,00 |
ВКУПНО РАСХОДИ: | 1.681.594,00 |