Ера на манипулација со лажни вести
Живееме во ера кога треба напор за да разграничат вистинските информации од дезинформациите, а како резултат на тоа, границата меѓу фактите, забавата, рекламата, лагата и фикцијата сè повеќе се замаглува.
Страда јавноста преку погрешното и насочено јавно мислење, новинарите и квалитетното новинарство. На крај страдаат и прифатените општествени вредности кои се руинирани.
Во видеото споделуваме основни информации, кои ќе помогнат да се направи разликата со пораката секогаш кликни мудро пред нешто да споделиш на твојот налог. Затоа што ненамерно и ти може да дезинформираш.