Дезинформациите, безбедноста и приватноста на интернет нов предизвик за тимот на Медиа плус

ЗГ Медиа плус започнува со серија активности, со цел да ја пополни празнината во образовниот процес и потребата кај младите од поголема интернет безбедност и безбедноста на нивни приватни податоци, кревање на свесноста од негативните влијанија на комуникацијата на интернет. Дел од планираните активности во следните 12 години се однесуваат и на подложноста и препознавањето на дезинформациите и лажните вести. Преку информирање и едукација, влијаеме врз зголемувањето на резистентност кон злонамерните обиди и препознавање на делувањето на групите кои работат кон предизвикување на емоционално, социјално, економско и политичко влијание на општеството.

Со активностите на едукација, во која ќе бидат вклучени експерт по сајбер безбедност од Воената академија од Скопје и експерт за приватност и заштита на лични податоци, како и искусни новинари и тренер за социјални медиуми,  ќе бидат обучени 510 ученици на возраст од 15-18 години од три средни училишта во Штип и со членовите на Американското катче и Инфо точката во Кочани. Ќе бидат изработени видео лекции, а ќе биде спроведена и јавна кампања.Тим искусни новинари ќе работи на детектирање и дебанкирање на дезинформации пред и во текот на Локалните избори 2021 година, кога се очекува и најголем наплив на текстови кои наменски дезинформираат.

Младите – корисници на проектот ќе се здобијат со поголемо знаење за безбедноста на интернет,препознавање на дезинформации и отпорност кон влијанија од интересни групи.

 

 

This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.