Барање понуди за услуга за Подготовка и продукција на 80 рецензии

Почитувани,

 

Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за подготовка и продукција на 80 рецензии.

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот ,,Кликни мудро“

Ве молиме земете ги предвид барањата дадени во табелата подолу за доставување на понудата.

Понудата треба да биде во следниов формат:

Содр. бр. Опис на производ/услуга Количина Единечна цена без

ДДВ

(МКД)*

Вкупна цена без ДДВ

(МКД)

1. Подготовка и продукција на рецензии    
1.1.     80        

*Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

 

Критериуми за избор на добавувач е цената и искуство во ваков вид на активности.

Набавката на услугите не е делива.

Набавката на услугата е дел од активностите во проектот „Кликни мудро„-финансиски поддржан од Американска Амбасада во Скопје

Проектите финансирани од Американска Амбасада се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ). Набавувачот е должен на понудувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Понудувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.

Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул.„5та Партиска Конференција“, Штип) или преку е-пошта на: (info@mediaplus.org.mk).

Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објава на повикот на веб страната на Медиа Плус и социјалните медиуми.

Доколку понудата се праќа по е-пошта документите со печат и потпис треба да се скенирани.  Понудата треба да се достави најдоцна до 27.09.2021 година.

 

 

Со почит,

Медиа Плус