Медиумската писменост во фокусот на едукативните вебинари организирани во рамки на проектот „Критинк“
Медиумска писменост – терминологија и наставни помагала, ова е темата на утрешниот онлајн семинар кој го организираат Фондацијата Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк. Ова е последниот, од вкупно три вебинари кои Метаморфозис и Евротинк ги организираат во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“.
Првиот онлајн семинар беше посветен на социјалните медиуми, а обучувачите на активистите и новинарите кои беа дел од семинарот, им овозможија преглед на најефективните методи за интеракција со граѓаните преку социјалните медиуми, за промоција на медиумска писменост и критичко размислување. Вториот онлајн семинар овозможи дискусија за Прирачникот на медиумска писменост, но и едукативни вежби.
Низата онлајн семинари се наменети за новинарите и активистите од петте невладини организации и медиумите коишто се дел од овој проект. Меѓу нив, е и Здружението Медиа плус, кое во соработка со радио Канал 77 го реализира проектот „За чест без стрес, пронајди ја вистинската вест“.