Со аудио спотови, темата „медиумска писменост“ поблиску до младата публика

Објавено на: 03/12/19 2:56 PM

Со мултимедијални продукти до зголемена свест за критичко мислење. Здружението на граѓани, Медиа плус и радио Канал 77 продуцираа три аудио спотови, со цел на суптилен начин да им ја доближат на младите темата за медиумска писменост и колку истата е важна за рационално расудување за актуелните општествени случувања.

Изработката на аудио материјалите, следува откако беа презентирани резултатите од анкетата што тимот на Медиа плус ја спроведе со младите во три општини во источниот дел од државата. Целта на кратките аудио спотови е на несекојдневен начин да им ја предочи пред се’ на младите, важноста за начинот на кој ги „впиваат“ мноштвото информации на кои секојдневно се изложени. Аудио спотовите се изработени во рамките на проектот „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“.

Како што беше и претходно најавено, во рамките на овој проект ќе бидат продуцирани и пласирани и три видео спотови, а „финалето“ ќе се случи во студиото на Канал 77 каде ќе се одржи промотивен настан во кој се планира интеракција со самата публика.

Како звучат аудио спотовите, слушнете во продолжение:

 

 

Проектот ,,Медиумски писмен граѓанин-За чест без срес, најди ја вистинската вест“ го спроведува ,,Медиа Плус“ во партнерство со Канал 77 и е дел од проектот ,,Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-Кри-Тинк“ имплементиран од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк-Центар за европски интеграции, а финансиран од Европската Унија.

Содржината на овој текст е одговорност само на Медиа Плус и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува ставовите на Европската Унија.