„Медиумска рапсодија“ музички ги води младите до медиумската писменост (Видео)

Има вести секакви – вистинити и лажни,  има секакви – дури приказни, сказни. Весници сценарија, медиуми разни, миротворни, борбени, помалку важни. Читај меѓу радови, немој да си само цел. Лажна опсесија, избриши го тој дел – ова се дел од стиховите на песната „Медиумска рапсодија“, чиј видео спот е еден од трите со кои Здружението Медиа плус и радио Канал 77 ќе им ја доближат на младите темата за медиумска писменост.

Идејата на Здружението и на медиумот е преку видео, но и аудио спотови да им помогнат на младите да ја сфатат важноста од објективно и професионално информирање, врз основа на кое би размислувале критички за актуелните општествени случувања.

„Медиумска рапсодија“ може да се најде и на youtube.

Со ова, веќе во полн ек тече нивната заедничка кампања „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“. Претходно беа објавени три аудио спотови, како и анализа за ставовите за медиумска писменост на младите од источниот дел во земјава.

Ваквите активности се дел од проектот КриТинк на фондацијата Метаморфозис и центарот Евротинк.