(Видео) Училиштата да создадат инфраструктурни услови за зголемена безбедност на учениците
Инвестиции во подобрување на инфраструктурата на училиштата во насока на зголемување на безбедноста, како создавање на безбедни и пријателски простори за децата за време на одморите, е само една од препораките што ја содржи документот што го изработи експерстскиот тим на универзитетски професори. Овој документ содржи повеќе општи препораки, како и препораки до националните и локалните власти и институциите.
До училиштата се препорачува интеграција на програми за социјално и емоционално учење, развивање на политики за сајбер безбедност и превенција на сајбер насилство, како и формирање на групи за поддршка и ресурси за жртвите на насилство.
Од училиштата како клучни чинители во создавањето на безбедни училишта се очекува да воведат редовни часови кои ќе ги учат децата на емпатија, комуникациски вештини и решавање на конфликти. Во таа насока тоа значи и спроведување на активности за градење доверба и тимско градење и создавање на позитивна школска култура.
Создавање на безбедни и пријателски простори за децата за време на одморите – Овие простории треба да имаат за цел да ги окуражат децата кои се чувствуваат повлечени и отфрлени да се охрабрат и да се вклучат во комуникација со останатите но и да најдат катче во кое може да се спријателат со деца и млади кои имаат слични проблеми и предизвици.
Во делот на развивањето на политики за сајбер безбедност и превенција на сајбер насилство, препорката е да се организираат обуки на наставниците и учениците за безбедност на интернет и препознавање на онлајн насилство. Овие обуки мора да бидат генерички и во склад со националните стандарди. Во овој сет на политики е потребно да се артикулира и важноста за поддршка на создавање на безбедни канали за пријавување на сајбер насилство.
Од училиштата се очекува да се формираат групи за поддршка и ресурси за жртвите на насилство. Тоа подразбира обезбедување на психолошка поддршка и консултации за жртвите. Исто така во овој дел треба да се обезбеди и воспоставување на доверливи линии за пријавување на насилство и совети, со цел да се избегне воздржаност од пријавување заради страв од стигматизација.
Поголема грижа на локалните власти подразбира ефектуирање на оформените локални совети за превенција и нивен посебен фокус на безбедноста во училиштата.
Потоа, обезбедување на обука за препознавање и превенција на насилство кои ќе имаат системски, не проект-базиран пристап. Вклучување експерти од земјата и странство мора да бидат дел од годишната програма на локалните власти.
Во овие обуки темите како што се сајбер насилство, родова дискриминација и стратегии за интервенција, спречување на говор на омраза и сл. мора да бидат пообемно застапени. Посебен акцент со младите да се стави на негативните ефекти кои современите технологии ги пружат но задржување на позитивните придобивки кои доаѓаат со користењето на овие технологии. Акцент да се стави и на дезинформациите и сите форми преку кои овие малициозни комуникации може да влијаат на различни начини на загрозување на безбедноста или пак да поттикнат насилство помеѓу децата и младите, односно врз нив.
3. Инвестиции во подобрување на инфраструктурата на Училиштата во насока на зголемување на безбедноста
Иако се направени значителни напори и подобрувања во поглед на уредувањето на училишната средини во насока на зголемување на безбедноста потребни се дополнителни мерки со кои ќе се создадат подобри услови за намалување на предизвиците по безбедноста на децата и младите. Подобрувањето на физичката безбедност на училиштата преку инсталирање на камери за надзор и соодветни осветлување, не само во училиштето туку во патеките на пристап кои водат кон училиштето е од посебна важност. Дополнително, во најголем дел од наведените општини нема доволно паркинг места, заради што децата се принудени да се движат не безбедно по коловозите, наместо по тротоарите со што сообраќајната безбедност станува се по загрозена по безбедноста на нивните животи при одење и враќање од училиште.
Препораките до националните власти се неколку, почнувајќи од зголемувањето на капацитетите за локализација и интервенција. Ова подразбира обезбедување на повеќе ресурси и поддршка за социјалните служби и училишните психолози преку посебни програми кои ќе го зголемат нивното значење и со тоа генерално угледот во заедницата но и меѓу младите и семејствата. Дополнително, оваа препорака е во насока да се поддржат училиштата на локално ниво да развијат протоколи за брза интервенција при случаи на насилство. Иако има протоколи кои се се позастапени, евидентно е дека тие се или пресликани едни од други или пак во нив отсуствува инклузивноста на целиот кадар и релевантните чинители.
Од националните власти се очекува и развивање на национална стратегија за превенција на насилство меѓу децата и младите, усогласување на политиките со меѓународните стандарди и најдобри практики. Исто така и планирање и спроведување на национални кампањи за подигање на свеста, што ќе овоможи зголемување на системскиот пристап како темел на сите напори кои се прават од донаторите