(Видео) Насилството меѓу децата ретко излегува од училиштата, а неретко по „правдата“ посегаат и родителите
Речиси и да нема случаи на меѓуврсничко насилство, кои се работат во судовите и Обвинителството. Училиштата знаат да го препознаат, но главно, случаите остануваат во кругот на училиштата. Во Обвинителството и судовите поради тоа, последните години одвај да се регистрирани неколку случаи на ниво на државата. Македонското законодавство познава кривична одговорност на деца над 16 години. Децата до 14 години се предмет на работа на Центрите за социјални работи. Тие меѓу 14 и 16 години можат да завршат во Обвинителство, но се’ зависи од предметот.
Тие над 16 годни може да завршат и во институција за малолетници.
Деканката на Правниот факултет во Штип, Олга Кошевалиска, чија специјалност е детското престапништво, вели дека така е според закон, додека во пракса не и е познато дека има процесуирано случај на дете кое било насилно кон врсник. Училиштата, од друга страна, со законските измени, имаат ограничен сет на мерки. Укорот е најтешката мерка што можат да ја изречат.
Како се решава меѓуврсничкото насилство во пракса и според закон, во продолжение на видеото.