(Видео)Заканите за поставени бомби ја покажаа порозноста на системот во училиштата
со заканите за поставени бомби низ македонските училишта покажаа колку неотпорни средини можат да бидат местата каде половина ден поминуваат нашите најмлади. Една година по настаните, Министерството за образование и наука ги унапреди некои од своите процедури, потсетувајќи на законската обврска на училиштата на постоење на Протокол за постапување во случи кога е нарушена безбедноста во училиштето од различни типови. Соседна Србија, секако со причина отиде еден чекор понатаму, промовирајќи сеопфатен протокол за постапување во различни ситуации на закани по безбедноста.
Универзитетскиот професор Методи Хаџи – Јанев вели дека нашата држава уште пред Србија издаде ваков протокол, но проблем е неговото спроведување. За ова во продолжение на видеото.