е-Публикација: Сигурни меѓу „ајкулите“ на виртуелниот свет

Пред вас е новата дигитална публикација наменета за децата и младите, која објаснува поими, повикува на поголема будност додека се во виртуелниот свет и препорачува чекори во случај на прекршување на приватноста и безбедноста. Прочитајте за тоа што е вознемирување преку Интернет, за разликите на заканите во физичкиот и виртуелниот свет, за лажни вести, хакирање, фишинг напади, говор на омраза и препораки како да се постапи во случај на неовластено навлегување во вашиот приватен свет.

Оваа публикација настана во рамките на проектот „Сигурни во виртуелниот свет“ на ЗГ „Медиа плус“ – Штип поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

#SMARTBalkans #SupportedByNorway #MediaGrant #CRPMmkСодржината на оваа публикација „Сигурни во виртуелниот свет„е единствена одговорност на Медиа Плус и не мора да ги одразува ставовите на Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.