Извештај за 2022 година

Мисија

Медиа плус е здружение кое истражува, анализира и иницира, со што влијае врз демократијата и медиумската заедница.

Здружение на ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ –ШТИП
Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/397 707 лок.208
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.
Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.
МЕДИА ПЛУС во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.
Главната активност на Медиа Плус е работа на проекти, преку кои ги остварува своите цели и одржливост.
Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

Реализирани проекти во 2022

„Иновативни решенија за зелен исток„
01.06.2022-30.11.2022

ЗГ Медиа плус од Штип работеше серија активности, со цел поголемо запознавање на општата јавност, бизнисот,  институциите, интересните групи со природно базираните решенија, со чија употреба се бориме со засиленото влијание на климатските промени, изразеното загадување и нечистите води. 

Здружено со експерти во областите и со поддршка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и лабораторијата „Амбиком“, работеше на мапирање на загадувачите на реката Брегалница со можни природно базирани решенија, а концептот беше претставен пред јавно-комуналните претпријатија, каде едни од најголемите загадувачи на водите, но и пред бизнисот со загадувачка дејност, општините, граѓанските организации и граѓаните. Идејата е дека во исчекување на големите проекти, сите ние може да размислување за внесување на решенија, кои придонесуваат кон промената на екосистемот и го подобруваат, а со тоа индиректно и до подобра животна средина.

Направена е јавна кампања и новинарски стории, кои од близу зборуваат за тоа што имаме на терен и како може да ги подобриме состојбите. Наодите и ставовите јавноста ги слушна и може да ги коментира на форум за природно базираните решенија и нивната примена.

Ако не можеме значајно да влијаеме врз климатските промени, можеме барем да ги ублажиме преку заеднички акции и примената на природно базираните решенија.

Проектот „Иновативни решенија за зелен исток“ почна во јуни, траеше до ноември 2022 година, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Кликни Мудро 
01.09-2021-30.08.2022

ЗГ Медиа плус реализираше серија активности, со цел да ја пополни празнината во образовниот процес и потребата кај младите од поголема интернет безбедност и безбедноста на нивни приватни податоци, кревање на свесноста од негативните влијанија на комуникацијата на интернет. Дел од планираните активности во 12 месеци се однесуваат и на подложноста и препознавањето на дезинформациите и лажните вести. Преку информирање и едукација, влијаеме врз зголемувањето на резистентност кон злонамерните обиди и препознавање на делувањето на групите кои работат кон предизвикување на емоционално, социјално, економско и политичко влијание на општеството. Младите – корисници на проектот ќе се здобијат со поголемо знаење за безбедноста на интернет,препознавање на дезинформации и отпорност кон влијанија од интересни групи.

“Сигурни во виртуелниот свет”
Кралство Норвешка-Смарт Балкан преку ЦИКП
01.05-2023-30.04.2024  

Целта на проектот е подигнување на свесноста кај младите од Штип и на останатите консументи на информации од социјални медиуми, од потребата на безбедно користење на интернетот, заштитата на приватноста и зголемување на сензитивноста на дезинформации и спинувани инфорамции.

Делегација на Европска Унија „ Граѓански Ресурсен Центар„
01.02.2023-31.12.2026

Медиа плус – Штип – Граѓански ресурсен центар во Штип повторно ја отвори канцеларијата и во наредните 4 години овој центар ќе обезбеди иновативен и инспиративен простор за големите и мали локални граѓански организации (ГО) и активисти, и пружа поддршка и лесен пристап до ресурсите потребни за нормално функционирање на ГО. Целта на проектот е да се помогне во зајакнувањето на ГО, кои се независен фактор во обликувањето на општествениот живот и демократијата во земјата, како и за создавање овозможувачка околина која ќе го поддржи развојот на граѓанскиот сектор.

Со програмата функционира три ресурсни центри – во Скопје, Гостивар и Штип, како и Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ МЕДИА ПЛУС 2022

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ2022
ВКУПНО ПРИХОДИ2.639.997,00
ВКУПНО РАСХОДИ:2.590.131,00