Повик за изработка на интерактивна мапа

Здружението на граѓани Медиа Плус во рамките на проектот „Иновативни решенија за зелен исток“, поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, објавува :

П         о        в        и        к

за доставување на понуда за изработка на интерактивна мапа.

За подетални информации во врска со содржината на мапата можете да испратите прашања на е-маил: info@mediaplus.org.mk

Критериуми за избор на добавувач е цената и искуство во ваков вид на активности.

Набавката на услугата е дел од активностите во проектот „Иновативни решенија за зелен исток„

Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул.„5та Партиска Конференција“, Штип) или преку е-пошта на: (info@mediaplus.org.mk). Рокот за доставување на понудата е 10 работни дена од објава на повикот на веб страната на Медиа Плус.

Доколку понудата се праќа по е-пошта документите со печат и потпис треба да се скенирани.

Понудата треба да се достави најдоцна до 25.08.2022 година.

 

Со почит,

Медиа Плус