МНР не сменило двајца членови на Историската комисија, туку промената самите членови ја иницирале
Во интервјуто за бугарската телевизија БТВ, на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашањето за блокадата на македонско – бугарската Историска комисија кажува дека до сега смениле двајца членови и го препорачува истото искуство на бугарската страна.
„Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели Османи во интервју за БТВ.
Факт е дека од формирањето на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања во мај 2018 година до сега во составот од македонска страна не работат двајца членови. Прво не беше продолжен договорот на историчарот Александар Литовски од Националната установа Завод и музеј – Битола. Одговарајќи на новинарско прашање тогашниот премиер Зоран Заев изјави дека како што бил информиран од министерот Османи, на членот на Комисијата, Александар Литовски, му завршувал договорот и самиот не сакал да го продолжи. На местото на Литовски во Комисијата беше именуван Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја. Министерот Османи во интервју за ТВ Канал 5 во октомври 2020 година, рече дека инсистира во Комисијата да има и член Албанец бидејќи, според него, ова е заедничка битка. Литовски не се огласи во јавноста. Како што објави Дојче Веле на мекедонски јазик, Литовски во овој момент не сака да зборува ништо на таа тема, можеби понатаму, но сега не.
За разлика од Литовски, многу поголема прашина покрена заминувањето на професорот Ванчо Ѓорѓиев, кој јавно го покрена прашањето на влијанието на политиката во оваа Комисија.
Ѓорѓиев на 22-ри октомври 2021 година испрати соопштение до јавноста, во кое, за таквата одлука навел наведува пет причини, меѓу кои директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР, и отстапка од зацртаните црвени линии од другите членови на Комисијата, а на штета на македонските национални интереси отстапка. Две недели подоцна министерот Османи изјави дека откако Ѓорѓиев не ја поднел оставката формално, тој одлучил да му го прекине договорот.
Професор Ѓорѓиев синоќа во телевизиско гостување само неколку часа по интервјуто на Османи за бугарската телевизија демантираше дека е сменет од МНР, туку дека е тоа негова одлука. Донеодамнешниот член на Комисијата хронолошки објасни што се случувало.
-Господинот Османи кажа една невисина денес, ја повотри таа невистина неколку пати и порано, меѓутоа, со таа невистина ја открива вистината, зошто некој си заминал од Комисијата. На 22-ри (октомври 2021 н.з.), јас изјавив дека ја прекинувам работата во Комисијата. По 2-3 дена следуваше една триумфалистичка изјава од минситерот дека тој ме избркал, ми го раскинал договорот, изјави професорот Ѓорѓиев.
Тој понатаму објаснува по неговото објавување дека заминува,и реално ја прекинал работата во Комисијата, која во тое време беше активна, се појавил уште еден функционер од МНР, кој му понудил готов договор за раскинување на договорот.
-Тогаш реков дека тоа е невозможно и не сум дојден за да се договорам за да си одам, туку дека претходно сум ја напуштил работата во Комисијата со мојата изјава. И откако го одбив тој договор, јас им доставив изјава, што е архивирана во Министерството, објасни Ѓорѓиев.
Според кажаното, смените во Мешовитата историска комисија не се направени од МНР, туку се одлука и иницирани од двајцата членови.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.