ГП „Делчево“ преставен како транзит за наркотици од портал само поради еден случај на заплена
Вест за заплена на нарокотици од страна на бугарските погранични служби во возило, кое претходно ја поминало македонската граница, портал ја употребил за во насловот да констатира
ПРЕКУ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ВО ДЕЛЧЕВО КОН БУГАРИЈА НЕПРЕЧЕНО ПОМИНУВААТ НАРКОТИЦИ КОН ЕУ.
Со насловот порталот генерализира и го користи овој случај за да прикаже дека низ овој граничен премин постојано и непречено се шверцува дрога.
„На 17.11.2021 година граночните царински служби на граничниот премин Логодаж од бугарска страна на влез во Бугарија од Македонија, заплениле 32,5 килограми марихуана.Дрогата била откриена во скриена во специјани прегради во повеќе делови од автомобил во кој што се превзезувале две лица-македонски граѓани“, пишува порталот.
Понатаму во текстот се пренесува само соопштението од Министерството за внатрешни работи, каде се дадени детали за заплената на бугарските служби. Но, никаде не е поткрепено тврдењето од насловот дека на овој премин шверцот е пракса. Авторот не се ни обидел да даде други примери на пропусти на македонските погранични служби на тој премин, со кои би го поткрепиле тврдењето.
Случајот е искористен за да се генерализира и даде квалификација за граничната служба дека не си ја работи работата.
Ваков наслов на текст може да се вброи во тнр.„кликбејт“, кој има за цел да привлече читатели, кои би го отвориле. Порталот го користи актуелниот момент со настаните врзани за големата трагедија на македонскиот автобус во Бугарија, каде се’ што е врзано за граничните премини е од голем интерес на јавноста.
„Кликбајт е сензационален наслов што ве охрабрува да кликнете на врската до некоја статија, слика или видео. Наместо да презентираат објективни факти, насловите на кликбајт честопати ги привлекуваат вашите емоции и вашата љубопитност. Откако ќе кликнете, веб-страницата што е домаќин на врската заработува приход од рекламни, но вистинската содржина е често со сомнителен квалитет и точност. Веб-страниците користат кликбајт за да привлечат што повеќе кликови, со што се зголемуваат нивните приходи од рекламирање“, е дефиницијата за „кликбејт“.
Со едно пребарување може да се види дека во изминатиот период се случувале заплени на нарокотици, кои и на други стоки кои не се дозволени.
Има повеќе информации за заплени, додека најголемата во изминатите години била таа во 2013 година, кога биле запленети 139 килограми марихуана. На овој премин во изминатите години биле запленувани девизи, цигари, облека и други стоки. Меѓу откриените случаи има и обиди за пренесување на дрога од луѓе кои ја голтнале за да ја прошверцуваат, тнр. „мулиња“.
Авторот го прекршил е Кодексот на новинари, каде стои:
„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.