Новинарски текст непрофесионално коментира и прогнозира пораз на Мицкоски

Авторот на текстот објавен на портал, извештајот од митингот на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка (13.10.2021) го претворил во свое коментаторско и субјективно видување за говорот на лидерот Христијан Мицкоски, па споделува и своја прогноза дека ќе доживее пораз.

„Очаен и губитнички говор на Мицковски во Крива Паланка-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си измислува причини за поразот кој му следува“ е насловот на текстот во кој авторот изнесува факти за кои се повикува на експерти, но на кои точно, не открива на читателот, бидејќи имињата не им ги објавува.

Во текстот новинарот пишува:

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во својот очаен и губитнички говор, наместо да понуди програма и проекти, тој во најголем дел зборуваше за причините за евидентниот пораз кој ќе му се случи нему и на ВМРО-ДПМНЕ во недела на 17-ти октомври. Мицкоски, над дваесет пати ги спомна имињата на Заев и Николовски, користејки речник кој не доликува на лидер на една партија.“

Според Прирачникот за етичко известување од избори“ на Здружението на новинари, новинарот треба да внимава на „Зборовите што ги користат, кои помагаат да се создаде разбирање или да се пот тикнат погрешни перцепции или стравувања. Од тука, важно е новинарите внимателно да се изразуваат со цел да избегнат каква било можност за нанесување штета. Ова особено се однесува за време на избори кога политичките кандидати придобиваат внимание преку повремени емоционални изјави. Новинарите треба да избегнуваат непрецизни зборови и зборови со кои се обвинува, коишто повеќе се разбираат како потпалувачка реторика наместо како информации. „Доколку политичките кандидати користат такви зборови, треба јасно да се наведе дека тие се изворите, наместо за нив да се известува како за факти .“

Во текстот, кој што се рецензира, новинарот се повикува на експерти , меѓутоа не се посочува кои се тие експерти кои што го анализираат говорот .

Експертите за односи со јавност, ваквиот говор на Мицкоски го оценуваат како очајнични обид на давеник кој се фаќа за сламка, се вели во текстот.

Според Кодексот на новинари во онлајн медиумите, член 1:

Онлајн медиумите ќе известуваат само врз основа на факти чие потекло му е познато на новинарот, повикувајќи се на различни извори на информации и, по правило, потпирајќи се на јасно идентификувани и веродостојни извори.

– „Онлајн медиумите ќе настојуваат секогаш да го наведат изворот на информацијата со конкретно и прецизно упатување на тој извор“.

Со објавувањето на еден ваков тект посебно во услови на предизборна кампања, јасна е намерата на новинарот и медиумот, а тоа е насочување на јавноста кон информации и факти кои се манипулативни за одредена политичка опција во корист на друга.

Партијата од која бегаат сите, не може да биде алтернатива на било која власт.“ се вели во текстот.

И завршува: „Затоа е и нервозата кај Христијан Мицксоки кој знае дека токму по локалните избори ќе му заврши неговата политичка кариера и ќе биде првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој неуспеал да стане премиер на државата.“

Во Новинарскиот прирачник за следење избори, на ЗНМ и Конрад Аденауер, се поместени препораките на уредникот на угледниот кениски весник The Nation, Џон Лоренс.

-Бидете внимателни да не ги обоите вашите извештаи со предизвикувачки јазик. Известувајте за она што го велат кандидатите, а не за она што велат заинтересираните страни дека го рекле кандидатитее препораката на Лоренс.

 

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.