Пендаровски никаде прецизно не кажува дека е завршена обврската со Грција за учебниците
Пренесено интервју на претседателот Стево Пендаровски од страна на портал е со наслов кој дезинформира и нема потврда во понатмошниот текст. Насловот: „ПЕНДАРОВСКИ: Со Грција се договоривме за учебниците“ тврди дека македонскиот претстедател рекол дека е завршена работата со Грција за учебниците. Меѓутоа, цитатите од интервјуто не велат така.
Пендаровски во интервјуто за грчкиот весник „То Вима“ со наслов „Имплементацијата на Преспаскиот договор е наша меѓународна и домашна обврска“, пренесено од македонска новинаска агенција МИА вели:
„Комисијата за учебниците има направено напредок, а препораките треба да се спроведат и од двете страни“
Но, за каков напредок се работи и дали договорот е завршена работа, како што тврди насловот, во текстот, ниту во акцентите од интервјуто, никаде нема поткрепа.
Зборувајќи за напредокот во спроведувањето на Преспанскиот договор Пендаровски кажува:
„Двете земји треба да напредуваат во спроведувањето на одредбите од Договорот, но исто така и на препораките на заедничките комисии, не само за учебниците, туку и за трговските ознаки, за сообраќајните знаци и многу важно, да ги ратификуваат потпишаните билатерални договори“, истакнува Пендаровски во интервјуто, пренесе МИА.
Интервјуто на македонскиот претседател за грчкиот весник е дадено во пресрет на неговата посета на Атина, што прва официјална посета на еден македонски претседател на Грција. За спроведувањето на одредбите од договорот, Пендаровски зборувал на неговите офицјални средби со грчкиот државен врв, што го потврдува и во изјавата по овие средби за македонските новинари, кои ја следеа посетата. Меѓутоа, и во оваа изјава никаде не потврдува дека работата со учебниците е завршена.
„ Инаку,за македонската јавност е добро да кажам дека Комисијата за образовни, историски и археолошки прашања има направено значаен напредок пред да се случи Ковидот. Имаат одржано шест средби и она што е позитивно што записниците од првите четири средби се усвоени и усогласени од двете страни. Другите два не се потпишани и усогласени, веројатно ќе бидат потпишани и усогласени до крајот на годината, ако се случи оваа средба која е во најава, изјави Пендаровски.
Да потсетиме, усогласувањето на македонските и грчките учебници е составен дел на Преспанскиот договор. Во соопштението по заедничката средба на двете комисии во Охрид, беше кажан заедничкиот став: „Материјалот во најкус можен рок да биде ослободен од какви било иредентистички и ревизионистички референци“.
Во циркуларното писмо што грчките медиуми го објавија на 18 декември 2020 година, се најавува дека „врз основа на соодветните одредби, „одлучено е да се коригира терминот „ПЈРМ“ во седум грчки печатени и дигиталните изданија на учебниците за основно образование, согласно Спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја“.
Меѓутоа,нема информација дали има целосно усогласување на учебниците, ниту пак во интервјуто за „То Вима“, македонскиот претседател Пендаровски тоа го тврди.
This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.