Владата „чести“ укинување мерки пред избори само во манипулативни наслови

Во текст објавен на електронски медиум се упатува на соменевање за своевиден „изборен поткуп“ на граѓаните од страна на актуелната власт, со тоа што можно е олеснување или укинување на рестриктивните ковид мерки за влез во угостителските објекти. Со прилична сигурност авторот на текстот тврди: ВЛАДАТА „ЧЕСТИ“ ПРЕД ИЗБОРИ: Олеснувања или укинувања на мерките против Ковид-19 ако граѓаните ги почитуваат протоколите.

Насловот е манипулативен и не соодветствува целосно на текстот што следи, а се однесува на одговор на новинарско прашање до министерот за економија Крешник Бектеши, на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември.

Новинарот дава само кратка најава, која се коси со насловот и сосема коректно во тектот пред изјавата одговара на изјавата на министерот Бектеши, кој вели дека „очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите“.

Меѓутоа, манипулацијата понатаму е при пренесувањето на пишаната изјавата на минситерот, која има повеќе оградувања од најавата дека е можно олеснување на мерките во текот на зимскиот период.

Во текстот е пренесена изјавата:

Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитугваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести, истакна Бектеши“

Меѓутоа, доколку се преслуша видео изјавата од настанот, се заклучува дека Бектеши потврдува оти е можно олеснување на мерките во угостителските објекти и е убеден во тоа, но под неколку услови,кои ги наведува во изјавата. Но, како што нагласува, тоа зависи од Комисијата за заразни болести и „не може да каже дали објектите ќе се отворат или не“.

Што точно кажа министерот за економиија, Крешник Бектеши:

Ако сите ги почитуваме мерките кои се предложени, кои се во сила, секако дека  бројките ќе паднат и ќе имаме можност да ги олесниме рестриктивните мерки во наредниот период. Јас сум повеќе од убеден дека како што се почитуваат мерките сега и од страна на угостителските објекти и од страна на гостите,ќе имаме можност за тие мерки да бидат олеснети во зимскиот период“.

Не можам да кажам дали ќе се отворат или не, јас сум убеден  дека ако на ваков начин ги почитуваме, што според мене ги почитуваме, како што треба сите граѓани и сите угостители, секако дека тоа ќе ни даде простор и на Комисијата за заразни болести и на нас како Влада за да донесеме поолеснитлени мерки“.

Крешник Бектеши, изјава

Медиумот манипулативно тврди дека Владата „чести“ пред избори, пропуштајќи делови од официјалната изјава на министерот за економија даден на јавен настан, во која тој јасно се оградува од презицирање кога, како и зошто би имало олеснување на рестриктивните мерки во угоститеските објекти.

Авторот на текстот ги прекршил Принципите на однесување во Кодексот на новинари, каде стои:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни“.

Во Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, што е интерпретирана Примена на Кодексот на новинарите во онлајн сферата, се вели:

Онлајн медиумите ќе го почитуваат правото на граѓаните да добиваат навремени, проверени, точни и објективни информации за темите кои се од јавно значење и никако нема да дозволат искривување на вестите и манипулирање со информациите и податоците“.

На старотот од предизборната кампања за Локалните избори 2021 на 17 октомври, новинарите и медиумите имаат одговорна улога во презентирањето на информациите.

Во Новинарскиот прирачник за известување од избори на ЗНМ и Фондацијата Конрад Аденауер пишува:

Само со одговорно новинарство може да им се овозможи на добро информираните гласачи слободно да одлучуваат. Непристрасноста и балансот се важни аспекти на новинарската одговорност. Во изборните кампањи секогаш ќе се најдат две страни. Новинарите не смеат да ја прекршуваат професионалната етика со искривување на фактите, пренагласување на одредени аспекти на приказната, наслови кои погрешно ја прикажуваат содржината на веста и, се разбира, целосно фабрикување на вести, цитати, луѓе и настани“.

This project was funded through a U.S. Embassy grantThe opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.