Употребено анонимно тврдење кое поттикнува купување на високоризични валути

Без наведување на име и неговата стручност, текст на електронски медиуми најавува дека во октомври ќе има „експлозија“ на криптовалута.

Текстот со кликбејт наслов пишува:

Познат трговец со криптовалути предвидува дека следниот месец се очекува „експлозија“ на Биткоинот“.

Кој е „познатиот трговец“ кој изнесува атрактивна прогноза, авторот не соопштува. Ниту се знае неговото име, ниту која е неговата стручност, која би застанала зад ваквото тврдење, туку треба да му се верува на медиумот и „експлозивното тврдење“ за порастот на вредноста на криптовалитата.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“, пишува во Кодексот на новинари.

Освен Биткоинот, се очекува да пораснат и многу други валути, а такви се: Етериум, АДА Кардано, Полкадот и слично“, стои понатаму во текстот.

Повторно без потврда на изворот, туку го насочува читателот кон атрактивната зделка, која можеби ќе му донесе заработка.

Народна банка на РСМ по зголемениот интерес на јавноста за криптовалутите потсетува дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.

Во делот за ризиците, НБРСМ информира дека вложувањето во крипто-средства по правило се смета за високоризично.

Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од високата променливост на нивната пазарна цена, а што е значително повисока споредено со променливоста на други финансиски и нефинансиски средства, на пример курсевите на суверените валути, приносите на акциите, или, пак, цените на стоките што се предмет на тргување на глобалните пазари (на пример нафтата). Ова значи дека за краток временски период се можни значителни промени во пазарната цена на крипто-средствата, и тоа како во нагорна, така и во надолна насока“, информира НБРСМ.

Во публикацијата Насоки за етичко известување во онлајн медиуми, пишува:

Онлајн медиумите нема да прикриваат или премолчуваат важни информации чие објавување би можело да влијае врз толкувањето или разбирањето на извештајот од страна на читателите. Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации“.

Во време кога криптовалутите се атрактивна тема, овој начин на информирање може да се смета и за наведување на читателот кон ризично однесување или поттикнување, без објавување на делот околу ризичноста, на која сугерира Народната банка.

This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.