Пренесен Фејсбук статус не е новинарски текст
Рецензираме текст објавен од електронски медиум со наслов, кој прашува за исправноста на модуларната болница во Битола, но без понатаму да даде одговори – има ли навистина овој објект технички недостатоци. Текстот е со сензационалистички наслов: „Експлозија! И модуларната болница во Битола е со технички недостатоци?“ за пренесен Фејсбук статус, со вметнат принт скрин од објавата на социјалната мрежа, но доволно да заплаши и вознемири.
Во време кога се’ уште не се познати причините за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 луѓе, во најмала рака е несериозно да се пренесе пост од социјална мрежа и вметнувајќи прашалник во насловот, авторот да се амнестира од натамошните претпоставки кои ги наметнува пренесувањето на статусот. Ова особено е нагласено и поради фактот дека во овој нов Ковид бран, има и десетина починати пацинети, кои починале дома или воопшто не побарале лекарска помош.
Медиумот не си потрудил да го провери тврдењето за како што пишува „објектот со технички недостатоци“, наменет за пацинетите од Ковид – 19, меѓу нив и пацинети со тешка клиничка слика, зависни од кислородна поддршка.
При најобична проверка на фактите, може да се утврди дека модуларната болница во Битола била во употреба само 45 дена од отворањето и во неа нема пациенти од крајот на мај. Како што објаснуваат од Клиничката болница од Битола, има доволно капациетети на Инфективното одделение. Модуларната болница е помошен објект.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) извршил вонредниот инспекциски надзор во 18 модуларни болници во Македонија, при што инспекторите консатирале дека нема недостаци. Меѓу овие 18 болници, каде е извршен надозор, е и модуларниот објект во Битола.
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од нашиот Устав. Во Насоките за етичко известување на СЕММ стои:
„Онлајн медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се доведувaат во заблуда. Фотомонтажите, обработените фотографии или други интервенции во автентични документи мора да се јасно разграничени од оригиналот и означени како такви со соодветен текст.
При известувањето за несреќи, природни катастрофи, епидемии, насилен екстремизам и тероризам, онлајн медиумите ќе бидат исклучително внимателни и ќе избегнуваат објавување сензационалистички наслови и непроверени информации, водејќи сметка да не создаваат дополнително вознемирување и паника во јавноста“.
This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.