Три децении граѓанско општество – тема на дебата во Скопје
Дебата „30 години граѓанско општество” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка со Медиа плус, Штип и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Гостивар како партнери на проект на ЕУ .
– Во духот на одбележувањето на првите три декади од независноста на државата, дебатата ја посветуваме на развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и трендовите во функционирањето на граѓанските организации во последните 30 години, наведуваат од МЦМС.
На завршниот настан на Граѓанскиот ресурсен центар, воведни обраќања ќе имаат Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, поранешен уставен судија, Сашо Клекоски, аналитичар, Ибрахим Мехмети, од Швајцарска агенција за развој и соработка и Катерина Хаџи-Мицева Еванс, од Европски центар за непрофитно право. Фасилитатор на настанот ќе биде Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
На настанот ќе биде презентирана анализата „Аналитички осврт на развојот на граѓанското општество од независноста на државата до сега”, подготвена од Наташа Габер Дамјановска, а ќе се дебатира и за клучните постигнувања, но и за научените лекции од 30 години граѓанско општество.
Во прилог видеото со постигнати резулати: