Пресметка меѓу двајца возачи искористена да се заклучи дека „народот го загубил разумот“


Рецензираме текст под нaсловот „(Видео) Наpoдот го загуби разумот: Бpyтално нaпaдната жена и нејзиниот сопруг среде раскрсница, xaoc во Кисeла Вода“, кој е полн со препоставки и наслов кој генерализира. Текстот информира за физичка пресметка која се случила меѓу двајца возачи на раскрсница во скопската населба Кисела Вода.  Насловот констатира „Народот го загуби разумот“, и го илустрира со видео, од кое јасно се гледа дека дека се работи за кавга помеѓу двајца возачи која завршува со физичка пресметка.

Во продолжение текстот информира за пресметка, во која настрадала и една постара госпоѓа. Јасно е дека не станува збор за народ туку за двајца возачи, кои физички се пресметале.

Кога се генерализира всушност се претставува или се искажува нешто на ниво на општ заклучок и се изнесува мислење така што се однесува на нешто пошироко и од општо значење. Во овој случај има ситуација која е поединечна односно се однесува на двајца машки учесници и една жена која несреќно настрадала при физичката пресметка, но не и на цел народ.

Подолу има и објаснување, кое го демантира самиот наслов, пренесувајќи го сведоштвото на очевидец, а фактот го потврдува и видеото објавено во прилог на информацијата.

Според сведоштвтото на очевидци едниот возач му префрлил на другиот за престројување по што другиот излегол од кола започнал да удира по процезорецот, а потоа и физички го нападнал брачниот парВо целата ситуација постара госпоѓа се обидува да ги paздвои по што губи рамнотежа и паѓа, а напаѓачот продолжува да се пресметува со нејзиниот сопруг “, стои во текстот.

Учество на две машки лица и едно женско лице кое несреќно се нашло во целата ситуација не претставува „народ“ што погрешно го упатува читателот мислејќи на толпа луѓе кои го изгубиле разумот. Не станува збор ниту за „брутално нападната жена“ бидејќи истата во физичката пресметка според видеото се обидува да ја смири ситуацијата и несреќно настрадала.

Првото правило во Кодексот на новинари е:

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

Во насловот точноста е изоставена и  го наведува читателот на генерализација како сиот народ да го изгубил разумот.

Во овој случај има и прекршување на уште една точка од Кодексот на новинари. Во објавеното видео од физичката пресметка лицата на учесниците во истата, не се замаглени со цел да се испочитува нивната приватност како што се пропишува во Кодексот, во кој пишува:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес“.

This project was funded through a U.S. Embassy grantThe opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.