Барање понуди за услуга за продукција и постпродукција
На ден 06.01.2020 Медиа Плус објавува Барање понуди за услуга за продукција и постпродукција
Почитувани,
Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за продукција и постпродукција:
а/ а) Продукција и постпродукција на 6 аудио стории ( 2 анализи и 4 стории)
Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Без Врска не е секогаш без врска“,
Ве молиме земете ги предвид барањата дадени во табелата подолу за доставување на понудата.
Понудата треба да биде во следниов формат:
Содр. бр. | Опис на производ/услуга | Количина | Единечна цена без ДДВ (МКД)* | Вкупна цена без ДДВ (МКД) | Вкупна цена со ДДВ
(МКД) |
1. | Продукција и постпродукција на аудио материјал со снимање и едитирање за емитување на национално радио. | ||||
1.1. | 6 | ||||
ВКУПНО |
*Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.
Критериум за избор на добавувач е цената и брзината на реализација.
Набавката на услугите не е делива.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ). Набавувачот е должен на понудувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Понудувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.
Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул.„5та Партиска Конференција“, Штип) или преку е-пошта на: ([email protected]). Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објавата на веб страната на медиа Плус www.mediaplus.org.mk .
Доколку понудата се праќа по е-пошта документите со печат и потпис треба да се скенирани.
Понудата треба да се достави најдоцна до 14.01.2020 година.