Трошењето и донациите во општините Штип и Кавадарци

Оваа емисија ги содржи резултатите од истражувањето, анализата и наодите од истражувачките тории, што ги подготви ЗГ „Медиа плус“ од Штип, во перидот од јуни до ноември 2019 година. Направен е преглед и анализа за финаниското работење, донациите, транспарантноста и отчетноста за општинте Штип и Кавадарци за периодот од 2016 до 2019 година. Во 2017 година се и Локалните избори, кога се случува и трансфер на власта.

Истражувањето и анализата е работена врз основа на програмите за работa на на Советот на Општините Штип и Кавадарци и извештаите по овие програми, како и анализа на Буџетот, годишните сметки и кварталните извештаи за 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

Тоа се годините од по половина мандат на градоначалниците – за Штип: Илчо Захариев од ВМРО ДПМНЕ и Совет на Општината со мнозинство од ВМРО ДПМНЕ (2013-2017) и Благој Бочварски од СДСМ (2017 -2021) со Совет на Општината со мнозинство од СДСМ. За Кавадарци на градоначалниците Александар Панов и мнозинство во Советот на Општината од ВМРО ДПМНЕ и (2013-2017) и неговиот сопартиец Митко Јанчев (2017 -2021) со Совет на Општината со мнозинство од СДСМ.

Општината Кавадарци има добра пракса на јавно објавување на извештаи за потрошените пари, а при тоа, со смената на власта во 2017 година, продолжува тој континуитет. Дел од овие извештаи се детални, со презентирање на главните ставки. За културно-стопанските манифестации, за кои општината издвојува по над 100.000 евра годишно, во периодот за кој се однесува истражувањето (2016-2019) направена е промена на организаторот, кому му се доверени овие средства по пат на делегирана надлежност. Во време на претходната власт, која ја предводел Александар Панов од ВМРО ДПМНЕ, организатор е „Темков ФШТ“ од Скопје, додека со доаѓањето на Митко Јанчев од истата партија, надлежноста ја добива маркетинг агенцијата „Иноватива груп“ ДОО од Скопје, која се јавува како носител и на маркетинг активности и наградни игри на брендовите во семејната компанија на градоначалникот Јанчев, „Кожувчанка“. „Иноватува груп“, инаку семејна компанија на поранешната манекенка Сања Николиќ – Маринковиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Марко Маринковиќ – Слаткар, е носител на јавна набавка за маркетинг услуги во јуни 2018 година, во износ од 12.846 евра. Вредни донации добила и Општината, вклучувајќи ги јавните претпријатија и општинските институции. Вкупно 34 донатори се официјално евидентирани во официјалниото гласило на Општина Кавадарци,  „“Службен гласник““, пријавени и одобрени од Советот. Од тие 34 донатори, 13 компании имаат добиено јавни набавки од Општината, јавните претпријатија и општинските институции.

Општина Штип средствата од општинскиот Буџет ги доделува врз основа на три правилници и една методологија. Извештаите за потрошените пари со ретки исклучоци, се само наративни без финансиски показатели. Не се видливи за јавноста, туку треба да се бараат по Законот за слободен пристап или да се пребарува во „“Службен гласник““, каде нема детали за потрошените пари. Во анализираните четири години само еднаш е распишан повик за доделување проекти за граѓански организации, но и овие извештаи не се целосни, што е главна забелешка во извештајот за финансиското работење на Државниот завод за ревизија, кој укажува дека „дел од субјектите кои добиле средства од Буџетот, немаат доставено финансиски извештаи за користењето на средствата, што создава можност за незаконско и ненаменско користење на средства“. Нема јавен повик по ниту една програма на Советот на Општината, вклучувајќи ја и таа за спорт, чии пари над 90% завршуваат за ФК Брегалница, која е акционерско друштво. Што се однесува до донациите, Општината Штип не води регистер, ниту се објавуваат договорите за донации во „Службен гласник“. За примените донации се дознава од медиумите и од отчетот на поранешен гтрадоначалник, од каде може да се заклучи дека донации има, но каде завршиле, граѓаните не се информирани.

Ова видео е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ што го спроведуваат Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентар, финансиран од Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на здружението Медиа Плус и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.