Препознајте го Локалниот совет за превенција како граѓанска врска со институциите (видео)


Во време на  пандемија, кога здравјето на граѓаните е приоритет, на површина испливуваат повремени ситуации за итна реакција, па и кризи кои бараат решение. Тогаш на сцена стапуваат Локалните совети за превенција (ЛСП), кои работат во сите македонски општини, како задолжително законско мултисекторско тело во функција на решавање на потребите и проблемите на граѓаните.

Интеракција со заедницата е основата за делување на ова тело, кое засега во голем дел од општините, е пасивизирано и нецелосно препознаено како граѓанска врска со општината и институциите.  На јакнење на Локалните совети за превенција во периодот мај 2019 до март 2021 година работеше ЗГ „Медиа плус“, преку активности во осум градови во осумтте плански региони.

Резултатите и активностите од терен ги презентираме во видео материјалот што го изработивме на крајот од спрвоедувањето на проектот.