Носењето маски и натаму е задолжително, а не „партал на фацата“
Маската, која е прифатена како една од основните мерки за заштита од ширењето на корона вирусот е оценета како „партал на фацата“, додека оние што ги носат навредливо оценети како луѓе на кои и „најсовршена вештачка интелигенција на која не може да му се помогне“. Ова е дел од објавата на Јадранка Бибан, која на фејсбук ја следат над 2700 луѓе, а секој нејзин пост се пренесува и прифаќа како апсолутна вистина. Бибан е позната во јавноста по непризнавањето на корона вирисот и неговите последици, како и противник на пропишаните здравствени мерки.
„На човек што прифаќа со месеци и години да оди со партал на фацата, што прифаќа откажување од сите животни задоволства, празнувања, семејни прослави, социјални врски и комуникации, што се откажува од слободно движење во природата, слободно школување на децата, на човек што се откажува од својата креативност и на човек што не прифаќа нормалност од вирусно заболување од кое 99,9 проценти е можноста за преживување, на тој човек ниту природна ниту најсовршена вештачка интелегенција не може да му помогне“, пишува Бибан. Овој пост е споделен 53 пати, а се допаднал на 373 луѓе.
Носењето маска е докажано како делотворна заштита против ширењето на корона вирусот и е задолжително во 100 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија.
Професор Роберт Белингер од Хопкинс универзитетот предупредува на брзото ширење на новите соеви на корона вирусот, со препорака за задолжително придржување на заштитните мерки, од која една е носењето на заштитни маски.
–Постојано мораме да ги нагласуваме основните мерки за заштита, а тоа е носењето на маски, држењето на растојание, дезинфекција и проветрување на просторот. Му даваме предност на вирусот со здржување во мал простор, вели професорот Белингер.
Носењето на маска е задолжително според измените на Законот за заштита на населението од заразни болести усовени од Собранието на РСМ. Министерството за здравство смета дека основна заштита на здравјето на граѓаните од Ковид-19 е носењето заштитна маска, како и одржувањето физичка дистанца и миењето раце. Неносењето на маски е казниво со закон и од 1 мај досега биле изречени над 128 илјади казни.
„Од воведувањето на мерката за задолжително носење на маска со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 до денеска изречени се вкупно 128.849 казни за непочитување на мерката, односно за неносење заштита на лицето“, велат од Министерството за внатрешни работи за Дојче веле.
Во една друга објава на Јадранка Бибан за наставата на далечина, насловена како„Екран ли е, учител ли е?, учителите ги нарекува холограм, а предлага „распуштање на школите“.
„Не знам што ги малтретирате децата со екран школите! Седи детево пред екран и го гледа учителов “холограм” нешто му кажува, го испрашува, демек школо тераат… Што не ги распуштите школите се дур “вирусиве” се на власт по светов. Не изигравајте компјутер социјала, зошто се што е неприродно со болест завршува“.
Оваа објава е со 89 споделувања и 787 допаѓања и бројни коментари.
Наставата на далечина останува единствената опција за 1,5 милијарди деца во светот. Студијата на УНИЦЕФ покажува дека 463 милиони деца немаат опрема за следење на наставата, што значи дека се надвор од образовниот процес. Неспорно е, според оваа анализа, дека последиците од нарушувањето во образованието ќе се почувствуваат во економијата и во општеството во наредните децении. Меѓутоа, докажано е дека иако младите се поотпорни на корона вирусот, групирањето го шири вирусот, што значи наставата на далечина останува ретка алтернатива за одвивање на наставниот процес.
Присуството и изнесувањето на ставовите на социјалните мрежи, особено кога бројот на следбениците е голем, а секое пишување е споделувано и прераскажувано од повеќе десетина корисници, носи јавна одговорност.
#dezinformacii #дезинформации